(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор на кој Давидовата ѕвезда беше заменета со нацистичка свастика. Беркович го обвини Израел дека е „нов Трет рајх“ и дека извршил геноцид во Газа, пишува Notes from Poland. Беркович е член на Конфедерацијата (Konfederacja), крајно десничарска опозициска група која има …

Continue Reading

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк пост“. Изјавата доаѓа додека разговорите продолжуваат тивко откако американската делегација ги заврши маратонските преговори минатиот викенд без да постигне договор. „Видете, работите се движат, но, знаете, доста бавно“, рече Трамп во телефонски разговор. „Работите се движат, но не мислам дека …

Continue Reading

Крипто-пазарот остана стабилен додека институционалните инвеститори се враќаат, а се појавуваат и нови трендови

Истражувачкиот тим на Binance објави нова пазарна анализа која покажува дека крипто-пазарот останал релативно отпорен во март и покрај тоа што геополитичките тензии меѓу САД и Иран предизвикаа нарушувања во глобалната трговија и енергетските пазари. Иако нестабилноста кај традиционалните средства беше зголемена, вкупната пазарна капитализација на криптовалутите сепак порасна за 1,8% и достигна 2,39 трилиони долари, што укажува дека дигиталните …

Continue Reading

Енергетиката како шанса за странски инвестиции – 2 дел

Бомбастична изјава на премиерот: 400 милијарди долари годишно во регионот за инвестиции во производство на електрична енергија 2 дел Термоелектраните на јаглен во Западен Балкан во блиска иднина ќе престанат да работат бидејќи се многу стари и/или резервите со јаглен се при крај. Уште повеќе, ЕУ врши притисок за нивно затворање заради климатските цели за намалување на емисиите на СО2. …

Continue Reading

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „’Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и …

Continue Reading

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат тензијата во Ормутскиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 3,67 долари пониска цена од вчера за 95,69 долари. На американскиот пазар, беше за 5,89 долари поевтина и …

Continue Reading

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата. Командата на американските сили (Centcom) објави дека повеќе од 10.000 лица од морнарицата и воздухопловните сили учествуваат во операцијата, заедно со повеќе од десет воени бродови и десетици авиони. Според нивните тврдења, шест трговски бродови …

Continue Reading

Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура …

Continue Reading

Трамп: На Европа очајно ѝ е потребна енергија, Велика Британија треба да дупчи, бејби, да дупчи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, велејќи дека со отфрлањето на експлоатацијата на нафта од Северното Море, Европа останува без клучен извор на енергија. „Европа очајно има потреба од енергија, а Велика Британија одбива да ја отвори нафтата од Северното Море, едно од најголемите нафтени полиња …

Continue Reading