Шефот на Пентагон, Хегсет: Иран молеше за примирје
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, и претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, се обратија до јавноста по примирјето со Иран. Хегсет го започна своето обраќање тврдејќи дека Иран бил закана за САД 47 години, но тоа повеќе не е случај. Потоа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој направил историја. „Претседателот Трамп го …
Continue Reading
Џ.Д. Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека конфликтот во Украина е „најтешката војна за решавање“, по постигнатото примирје со Иран, а во исто време ги критикуваше европските лидери дека „не прават доволно“ по ова прашање. „Во некои аспекти верувавме дека ќе биде најлесно, но беше најтешко“, рече тој како дел од предавањето одржано пред студентите во Будимпешта, каде што …
Continue Reading
Собранието со порака: Заедничка заложба за инклузија и правен идентитет на Ромите
Во Собранието се одржа настан „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница” по повод Меѓународниот ден на Ромите. На настанот свои обраќања имаа Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Едвард Андерсон, висок претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Јаше Сефер, претставник на Ромската заедница во Комитетот за односи …
Continue Reading
Мицкоски: Нема да дозволиме непазарно однесување на ланците на маркети
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави: „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа …
Continue Reading
(Видео) „На Велигден сум се заљубил“ повторно оживеа во ново издание
Една од најемотивните македонски љубовни песни доби ново звучно руво токму во пресрет на Велигден. Џина Папас Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски создадоа нова современа верзија на „На Велигден сум се заљубил“ – нумера што со години живее во колективната меморија на публиката. Идејата за оваа соработка зреела со години, но овој Велигден за нив ја донесе вистинската …
Continue Reading
Полицаец во Прилеп пукал со службен пиштол во својот двор, куршумите завршиле во соба кај соседите
Полицаец во Прилеп пукал со службен пиштол во својот двор, но куршумите завршиле во соба кај соседите. Тој сакал да го прикрие делото и ги зел проектилите од кај соседите и ги ставил во неговиот двор. Исто така, со негов колега по пораки на мобилен телефон се договориле да го негираат делото. Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно …
Continue Reading
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен …
Continue Reading
Потпишан договор во Вашингтон: Пет милиони долари за истражување на критични минерали во Македонија
Во Вашингтон денеска се одржа свеченото потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited. На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со …
Continue Reading
Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало, побезбедна игра за малите центарци
Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата. Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е …
Continue Reading