Судот пресуди: Полска и Романија должни 1,9 милијарди евра кон „Фајзер
Суд во Брисел пресуди дека Полска и Романија мора да ги преземат и платат вакцините против ковид од компанијата Pfizer, во вредност од 1,9 милијарди евра, пренесе Ројтерс. Компанијата покрена тужба во 2023 година поради непочитување на договорот склучен со Европската комисија. Двете држави претходно одбија да ги исполнат обврските, повикувајќи се на развојот на пандемијата, војната во Украина и …
Continue Reading
Тинејџер меѓу уапсените за палење возила на брза помош на еврејската заедница во Лондон
Тројца осомничени – двајца мажи на 19 и 20 години и 17-годишен тинејџер – се уапсени поради сомнеж дека подметнале пожар на возила за Брза помош на еврејска хуманитарна организација во северен Лондон, пренесе „Гардијан“. Полицијата соопшти дека сите тројца се приведени поради сомнение за заговор за подметнување пожар со намера да се загрози животот и се наоѓаат во притвор. …
Continue Reading
Тајгер Вудс привремено се пензионира
Американскиот голфер Тајгер Вудс објави дека ќе се повлече од голфот. Потенцира дека „ќе се повлече од јавноста одреден период за да се посвети на лекување и да се фокусира на своето здравје“ откако беше уапсен за сообраќајна несреќа во Флорида. 50-годишникот, победник на 15 големи турнири беше обвинет за возење под дејство на опијати или други супстанции откако се …
Continue Reading
Трамп: Сериозно размислувам за излез од НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД прилично брзо ќе се повлечат од Иран, но ќе бидат подготвени да се вратат со прецизни удари доколку е потребно, пренесе Ројтерс. „Не можам точно да кажам кога ќе заврши војната… прилично брзо ќе излеземе“, рече Трамп, додавајќи дека американската акција обезбедила Иран да не може да поседува нуклеарно оружје. „Нема да имаат …
Continue Reading
Капело: Италија е во жалост
Еден од најдобрите италијански тренери, сега пензионер, Фабио Капело, откри дека бил шокиран од елиминацијата на Италија во плејофот за пласман на Светското првенство. „Аѕурите“ беа елиминирани по изведувањето пенали од Босна и Херцеговина во Зеница. „Цела ноќ око не затворив, сè уште не можам да верувам што се случи“, рече Капело, и дополни: „Зборуваме за четирикратен светски шампион, ова …
Continue Reading
(Видео) Меси го одигра последниот меч за Аргентина на домашен терен
Лионел Меси имаше емотивно искуство од својот последен домашен натпревар во дресот на аргентинската репрезентација. Аргентинските фудбалери ја победија Замбија со 5:0. Головите ги постигнаа Алварез во четвртата, Меси во 43-та минута и Отаменди во 50-та минута од пенал, автоголот си постигна Чанда за 4:0, а конечниот резултат го постави Барко во 94-та минута. Буенос Аирес го следеше овој натпревар …
Continue Reading
Филипче: Денеска упатувам писмо до ЕУ за стратешката саботажа на македонската интеграција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, како што рече, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција. „Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска …
Continue Reading
Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека денес, 1 април 2026 година, истекува рокот за поднесување иницијативи до единиците на локалната самоуправа за вклучување на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 MW во општинските енергетски планови. Согласно Законот за енергетика и релевантниот правилник, сите пристигнати иницијативи ќе бидат разгледани од страна на општините, кои …
Continue Reading
Шпанија му возврати на САД: Не се мешајте во нашите одлуки за еутаназија
Шпанија ја критикуваше американската администрација поради покрената истрага за случај на еутаназија во Барселона, што отвори дипломатски спор околу човековите права и правото на достоинствена смрт. Повод е протечен дипломатски документ, според кој на американската амбасада во Мадрид ѝ било наложено да ја испита одлуката на шпанските власти да дозволат еутаназија на 25-годишната Ноелија Кастиљо, жртва на сексуално насилство која …
Continue Reading