Шпанија му возврати на САД: Не се мешајте во нашите одлуки за еутаназија


noelia.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанија ја критикуваше американската администрација поради покрената истрага за случај на еутаназија во Барселона, што отвори дипломатски спор околу човековите права и правото на достоинствена смрт.


Повод е протечен дипломатски документ, според кој на американската амбасада во Мадрид ѝ било наложено да ја испита одлуката на шпанските власти да дозволат еутаназија на 25-годишната Ноелија Кастиљо, жртва на сексуално насилство која по обид за самоубиство останала парализирана и во постојани болки.

Случајот предизвика силни реакции во Шпанија. Министерката за здравство Моника Гарсија му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешните работи на земјата, нагласувајќи дека Шпанија има јасен правен систем кој го регулира правото на достоинствена смрт.

Критиките ги отфрли и претседателот на Каталонија Салвадор Иља, кој истакна дека ќе ги брани здравствените институции од, како што рече, неосновани напади.

Еутаназијата е легална во Шпанија од 2021 година, а ваквите прашања не се регулирани на ниво на ЕУ, па секоја држава самостојно ги утврдува правилата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK