Во Итната помош во Кочани нападната лекарка, поднесена кривична пријава
Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од село Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Според пријавата, на 19.12.2025 година, во службените простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка. Полицијата информира дека против неа е поднесена соодветна кривична пријава.
Continue Reading
Премиер лигата му изрече сериозна казна на Челзи
Премиер лигата го казни Челзи со 10,75 милиони фунти и едногодишна забрана за трансфери, која беше заменета со условна казна од две години. Покрај тоа, им беше забрането и трансфер од академиите девет месеци. Казната веројатно ќе беше многу построга доколку клубот не ги пријавил сите неправилности. Новите сопственици, за време на процесот на преземање на клубот, ги забележаа неправилностите …
Continue Reading
Шпанија нема да учествува во воена мисија во Ормускиот Теснец
Шпанија нема да учествува во воена мисија во Ормускиот Теснец, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Таа го одби повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за воена поддршка во обезбедувањето на пловниот пат, кој Техеран го блокираше за нафтени танкери. „Шпанија во моментов не разгледува никаква мисија во Ормускиот Теснец бидејќи станува збор за нелегална војна со многу жртви. Целта …
Continue Reading
Двајца малолетници нападнати во Скопје – случаи пријавени во Ѓорче Петров и Чаир
Два одделни случаи на физички напад врз малолетници се пријавени во СВР Скопје. На 15.03.2026 во 19:30 часот, С.П.(53) од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Во друг случај, Ф.К.Б.(39) од Скопје пријавила дека на 14.03.2026 на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил …
Continue Reading
Во изнајмен стан во Центар: Жена од Србија пријавила напад и вознемирување од сопственикот
На 16.03.2026 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар 33-годишна жена од Србија била физички нападната во изнајмен стан. Според пријавата, таа била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на …
Continue Reading
Се судрија возило на МВР и такси во Скопје: Повредени двајца
На 15 март околу 23:40 часот во полицијата било пријавено дека на улицата Крушевска Република во Скопје се случила сообраќајна незгода. Во незгодата учествувале патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од село Нова Брезница, скопско, и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот …
Continue Reading
Тешко повреден 16-годишен мотоциклист во сообраќајка во Струмица
На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица, и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата …
Continue Reading
Гостиварец трипати ѝ се заканувал на поранешната сопруга, се обидел и физички да ја нападне
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З. (28) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите, во февруари и март 2026 година пријавениот во три наврати телефонски и лично упатувал закани кон неговата поранешна сопруга. Во еден од случаите, како што соопшти полицијата, тој се обидел и …
Continue Reading
Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – почнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа …
Continue Reading