Шпанија нема да учествува во воена мисија во Ормускиот Теснец


ormutski-tesnec-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанија нема да учествува во воена мисија во Ормускиот Теснец, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.


Таа го одби повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за воена поддршка во обезбедувањето на пловниот пат, кој Техеран го блокираше за нафтени танкери.

„Шпанија во моментов не разгледува никаква мисија во Ормускиот Теснец бидејќи станува збор за нелегална војна со многу жртви. Целта мора да биде веднаш да престане војната“, изјави Роблес.

Министерот за надворешни работи Хосе Мануел Албарес додаде дека ситуацијата во теснецот сериозно ја загрижува Европа и дека не треба да се презема ништо што би довело до дополнителна ескалација.

Според него, ставот на Европската унија треба да биде насочен кон прекин на војната, без оглед на економските последици. Неколку земји од ЕУ, меѓу кои Германија, Италија и Грција, исто така најавија дека нема да учествуваат во воени операции во теснецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK