На 16.03.2026 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар 33-годишна жена од Србија била физички нападната во изнајмен стан.
Според пријавата, таа била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.