СЗО: Во делови од Иран паѓа дожд измешан со нафта по нападите врз нафтени постројки

Светската здравствена организација предупреди дека американско-израелските напади врз ирански нафтени постројки ја загадуваат храната, водата и воздухот во земјата. „Во некои делови од земјата е забележан дожд измешан со нафта“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој додаде дека ваквото загадување може да има особено тешки последици за децата, постарите лица и луѓето кои веќе …

Continue Reading

Трамп: Иран направи голема грешка со изборот на Мојтаба Хамнеи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 9 март, изјави дека Иран „направил голема грешка“ со изборот на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер, откако неговиот татко беше убиен во американско-израелски напад. „Мислам дека направија голема грешка со изборот на Мојтаба Хамнеи“, изјави Трамп за Ен-Би-Си њуз. Претходно тој го опиша синот на ајатолахот Али Хамнеи како „лесна категорија“. Трамп исто така …

Continue Reading

Иран: Нападите на САД го дестабилизираат пазарот на нафта

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите Американски Држави дека со своите напади го дестабилизираат пазарот на нафта. Во објава на социјалните мрежи американската кампања ја нарече „Операција епска грешка“, алудирајќи на американското име на операцијата „Epic Fury“ (Епски бес). Покрај снимка од екранот со глобалните цени на нафтата напиша: „Знаеме дека САД планираат напади врз нашите …

Continue Reading

Путин по енергетската криза: Подготвени сме повторно да испорачуваме нафта и гас за Европа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната со Иран предизвикала глобална енергетска криза и предупреди дека производството на нафта зависно од транспортот низ Ормутскиот теснец би можело да запре. Тој порача дека Русија е подготвена повторно да ја снабдува Европа со нафта и гас, доколку европските земји одлучат да ја обноват соработката. „Ако се одлучат да се преориентираат и да …

Continue Reading

Жена пукала кон куќата на Ријана на Беверли Хилс: обвинета за обид за убиство

Жена од Флорида е уапсена и обвинета за обид за убиство откако во неделата пукала кон куќата на пејачката Ријана на Беверли Хилс, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесе Дејли мејл. Осомничената е идентификувана како 35-годишната Ивана Ортиз, на која ѝ е одредена кауција од 10,2 милиони долари. Во моментот на нападот Ријана била во куќата што ја дели со …

Continue Reading

(Видео) 21-годишен Британец прогласи држава меѓу Хрватска и Србија: има знаме и пасоши

Како и многу светски лидери, Даниел Џексон вели дека не може да отиде на кафе без некој да го препознае. Овој 21-годишен британски компјутерски ентузијаст предводи стотици граѓани, иако никој од нив всушност не смее да стапне на територијата на неговата држава. Даниел ја основал Слободната Република Вердис на дел од спорно земјиште покрај Дунав, меѓу Хрватска и Србија, а …

Continue Reading

Орбан ги ограничува цените на горивата

Унгарската влада повторно воведува ограничување на цените на горивата, соопшти премиерот Виктор Орбан. Во објава на Фејсбук, Орбан наведе дека владата на седница одлучила да воведе „заштитена цена“ за бензинот и дизелот, бидејќи, како што рече, „поради иранската војна и украинската нафтена блокада, и Унгарија за жал е погодена од меѓународната експлозија на цените“. Според порталот Телекc, малопродажните цени на …

Continue Reading

Војната со Иран ја тресе германската економија: бензинот до 2,5 евра, расте ризикот од нова инфлација, пренесе Дојче Веле

Германската економија се соочува со сериозни предизвици поради војната со Иран и растот на цените на енергенсите, откако Иран практично го затвори Ормутскиот теснец – клучен поморски премин во Персискиот Залив преку кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта, пренесе Дојче Веле. По нападите на САД и Израел врз Иран, Техеран возврати со напади врз воени и цивилни …

Continue Reading

(Видео) „Ќе се соочиме со поскапување и на сè друго“: Филипче предлага намалување на ДДВ за горивата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи пакет мерки за ублажување на ценовниот шок предизвикан од растот на цените на горивата, во услови на криза на Блискиот Исток. Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки за да се подготви системот за последиците од кризата и посочи дека веќе има зголемување на цените на горивата. „Денеска сме соочени …

Continue Reading