Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“. Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани во нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“ во март 1943 година. Во македонската делегација што ја предводи …
Continue Reading
Министерот за правда, Игор Филков ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство
Министерот за правда, Игор Филков, ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избраа министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата се дискутираше за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група. Следната …
Continue Reading
„Не сте сами“ – градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со ружи и поддршка за жените кои се борат да станат мајки
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска ја посети клиниката „Њуборн“, каде заедно со здружението „До бебе по патот на ИВФ“ им подарија ружи на вработените и на жените кои се на патот кон мајчинството. Посетата е реализирана по повод вчерашниот празник на жената, 8. Март, и претставува симболичен гест на почит и поддршка за жените кои, како што …
Continue Reading
Западниот Балкан во новата геополитичка ера: Муцунски дел од воведната дебата на форум во Будимпешта
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања. Министерот Муцунски ќе се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни …
Continue Reading
ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата
ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика, за поскапување на нафтата и нафтените деривати, со цел олеснување на товарот на џебовите на граѓаните. „Воопшто не е изненадувачка одлуката на РКЕ, со оглед на случувањата на Блискиот исток и воената интервенција во Иран, која ги зафати и соседните земји. Изненадува фактот што …
Continue Reading
(Фото) Колони возила на бензинските пумпи по објавата на новите цени на горивата
Колони возила се забележуваат на речиси сите бензински пумпи, по објавата на новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ. Граѓаните побрзаа да наточат поевтини дизел и бензин, кои од полноќ ќе поскапат за 14,5 и за пет денари. Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …
Continue Reading
Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви
Министрите за финансии на Г7 одржаа онлајн состанок за влијанието на војната врз пазарите, откако цената на нафтата се искачи на повеќе од 119 долари за барел. Јапонската министерка за финансии, Сацуки Катајама, изјави на брифинг дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) повика на координирано ослободување на стратешките резерви на нафта. „ИЕА апелираше до секоја земја да ослободи дел од …
Continue Reading
Зеленски: Добивме 11 барања за помош во одбрана од ирански дронови
Украина објави дека примила 11 барања од земји од Блискиот Исток и Европа за безбедносна помош во одбрана од напади од ирански дронови. „Постои јасен интерес за украинското искуство во заштитата на животот, соодветните пресретнувачи, системите за електронско војување и обуката“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украина е подготвена позитивно да одговори на барањата на оние кои ни помагаат да …
Continue Reading
Јакнење на интегритетот во јавната администрација – средба на Минчев со претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација. „Фокус на средбата беше ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон зајакнување на интегритетот …
Continue Reading