Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“. Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе …

Continue Reading

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

Lidl продолжува со засилено темпо да инвестира во земјава. Со симболично поставување камен-темелник, компанијата денеска го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, лоциран во скопската општина Гази Баба. Продажниот објект ќе се гради на парцела во лесно достапно подрачје и со директен пристап до главните градски сообраќајници. Со ова Lidl го најавува проширувањето на својата …

Continue Reading

СЕТЕК го отвора новиот СЕТЕК City Premium во Скопје City Mall: Поголем, помоќен, премиум!

Подгответе се за целосно ново, несекојдневно шопинг искуство! На 6, 7 и 8 март, СЕТЕК свечено ги отвора вратите на својот целосно реновиран и значително проширен премиум салон во Скопје City Mall. На добро познатата локација каде што купувачите навикнаа да ја наоѓаат врвната техника, сега ги очекува многу повеќе. Новиот салон е просторно поголем, со помоќна понуда, замислен да …

Continue Reading

Сиљановска – Давкова: По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената. „Долго се думев дали има смисла да зборувам по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траорна атмосфера по …

Continue Reading

(Видео) Мојсоска: Жените во земји во војна се побезбедни отколку во овој македонски систем што не постапува

На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, имаше излагање во кое посочи дека зад празничните честитки стои сурова реалност на институционална негрижа кон жртвите на семејно насилство и длабоко нефункционален систем кој со години не успева да ги заштити најранливите. „Кога сторителите на семејно насилство имаат богата историја на кривични пријави …

Continue Reading

Руте: Соборувањето на балистичка ракета испукана кон Турција не го активира Членот пет

Соборувањето на балистичка ракета насочена кон Турција од страна на противвоздушните сили на НАТО не претставува непосредна причина за активирање на Членот пет, клаузулата за меѓусебна одбрана на членовите на алијансата, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Никој не зборува за Членот пет. Најважно е што нашите противници вчера видоа колку е силен и буден НАТО, а уште …

Continue Reading

(Видео) Цветановски: СДСМ нема да молчи, оставка од Тошковски поради загубените животи

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вели Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што кажа, вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични …

Continue Reading

Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името, открива документ на ЦИА

Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА. Документот открива дека Глигоров одбил понуда од грчки претставници од 100 милиони долари, под услов името на земјата да се промени. Претседателот ги опишал грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека …

Continue Reading

(Видео) Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко

СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како …

Continue Reading