Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1

Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари. Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона. …

Continue Reading

Голем концерт на „Архангел“ на 13 јуни

На 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи голем самостоен концерт на македонскиот бенд „Архангел“. Настанот ќе биде посветен на 44 години музичко творештво на Ристо Вртев, одбележувајќи четири децении препознатлив авторски израз и влијание врз македонската рок и алтернативна сцена. На сцената на Стадионот на АРМ публиката ја очекува повеќечасовна музичка приказна, раскажана преку антологиските …

Continue Reading

Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан. Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“. „Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето …

Continue Reading

Иран: Не планираме да го затвориме Хормушкиот Теснец

Иран засега не планира да го затвори Хормушкиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“, пренесе Хина. „Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој. По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот. Преку Хормушкиот Теснец …

Continue Reading

„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март. Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност …

Continue Reading

Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди

Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година. Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до …

Continue Reading

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија. Бруто платата за за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето. Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето. Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши …

Continue Reading

(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“

Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање. Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува …

Continue Reading

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“. Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за …

Continue Reading