Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување …

Continue Reading

Последна, 30. по ред изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ во Битолски театар

На 04.03.2026 во 20:00 часот, сцената на Народен театар Битола ќе ја пречека 30-тата и воедно последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања. По тој повод, билетите се со 50 проценти попуст, по цена од 100 денари. „Ова не е само промоција. Ова е …

Continue Reading

Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар

Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар. Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот. Министерот за Блискиот Исток Хамиш …

Continue Reading

Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент. На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како …

Continue Reading

Советот на Општина Гевгелија ја одржа 7. редовна седница

Советот на Општина Гевгелија, на својата 7. седница, расправаше и одлучуваше по повеќе точки од областа на финансиите, образованието, урбанизмот, културата, социјалната заштита и меѓуопштинската соработка. Во рамки на финансиското работење, Советот ги усвои Извештајот за работењето на Општината за 2025 година, Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (кумулативно за периодот 01.01.2025 – 31.12.2025 година) и Завршната сметка на Буџетот …

Continue Reading

Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах. „ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението. Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи …

Continue Reading

Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах

Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач. Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, …

Continue Reading

Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија …

Continue Reading

Во чест на Тихомир Јанчовски: Комеморација на Филолошкиот факултет во Скопје

На 4 март (среда) во 18 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Сала за седници) ќе се одржи комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Тихомир Јанчовски (1967-2026) дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на …

Continue Reading