Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да …

Continue Reading

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови. - Употребата на …

Continue Reading

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија …

Continue Reading

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД, соопштија од таму. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат …

Continue Reading

Снимени лицата што фрлија бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: камерите го забележаа моментот на нападот

Безбедносните камери во вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го снимиле моментот кога двајца непознати мажи фрлиле рачна граната врз домот на пејачот точно во 5 часот наутро вчера, дознава српски Телеграф. За среќа, нема жртви, а Телеграф неофицијално дознава дека полицијата веќе има видео снимки на кои се гледа како двајцата напаѓачи се приближуваат кон оградата и ја активираат …

Continue Reading

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, го прекина молчењето откако обвинувањата поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстин се појавија во најновата серија протечени документи. „Фокусот отсекогаш бил дека тој познава многу многу богати луѓе и дека тврди дека може да ги натера да донираат пари за глобалното здравство“, рече Гејтс во интервју за „Најн њуз“. …

Continue Reading

(Видео) Како беше создаден голиот фустан на прекрасната Германка што го шокираше светот?

Доделувањето на Греми наградите во 2026 година беше прослава на кич и гламур. Познати личности од различни области на уметноста ги покажаа своите најдобри комбинации, иако за некои црвениот тепих беше повеќе од само модна ревија. На пример, моделот Хајди Клум одлучи да го покаже својот автентичен моден израз за музичките награди и избра необичен кожен фустан. View this post …

Continue Reading

“Самсунг“(Samsung) ги поврзува спортистите и фановите со моментите од Милано Кортина 2026 преку мобилна иновација

Од овозможување на динамични перспективи на церемонијата за отворање на игрите до поддршка на оперативниот дел за време на активностите, “Samsung“ помага за Светските Олимписки и Параолимписки Игри носејќи ги спортистите, фановите и заедниците поблиску до игрите   Скопје, 4 февруари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, денес информираше на кој …

Continue Reading

Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa

Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 …

Continue Reading