Во 2025 поднесени 213 кривични пријави до ОЈО и ОЈО ГОКК, штета врз Буџетот од 102 милиони денари, соопшти Царинската управа
Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари, соопшти Царнската управа. Бројот на поднесени кривични пријави, додаваат од таму, е …
Continue Reading
Возеле без возачка дозвола, со изречена забрана, пијани: Уапсени возачи во Дебар, пробиштипско, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево
Ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода 28-годишниот А.Л. и 23-годишниот А.Л. двајцата од Дебар. Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што 28-годишниот А.Л. со тврд предмет нападнал полициски службеник додека …
Continue Reading
Нигериец кој се претставувал како принц од Дубаи измамил бизнисменка за 2,5 милиони долари
Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам во Романија (DIICOT) отвори кривична постапка во случај во кој романска бизнисменка била измамена за 2,5 милиони долари од Нигериец кој се претставувал како „престолонаследник на Дубаи“, објавија „Агерпрес“ и „БТА“. Од Дирекцијата денеска издадоа официјално соопштение за случајот, поради зголемениот интерес на медиумите. Во тек е истрага за кривичните дела „организирање …
Continue Reading
Филипче: Да го продолжиме повикот на Гоце Делчев, Македонија да биде европска држава, а не назад во изолација
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по повод одбележувањето 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, порача дека делата на Делчев се потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво. Во објавата на Фејсбук, Филипче наведува дека Гоце Делчев бил еден од визионерите кои ги поставиле темелите на македонската државотворност, потенцирајќи дека неговата порака за …
Continue Reading
Путин и Џјинпинг во телефонски разговор: Односите меѓу Русија и Кина постојано се развиваат
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за соработката меѓу нивните земји. Повикот доаѓа неколку дена откако високи дипломати од двете земји го изразија својот став дека билатералните односи би можеле да „достигнат нови височини“ оваа година, бидејќи Пекинг и Москва се стремат да ја зајакнат економската соработка. Нивното стратешко партнерство дополнително се зајакна по руската …
Continue Reading
АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. „Овие постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на слободата …
Continue Reading
650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци, извести МВР. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило, информираше Министерството …
Continue Reading
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 26-годишник
Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, …
Continue Reading
Шпанија: 3.000 евакуирани поради бурата „Леонардо“: прекинати железнички и автобуски линии, настава во училиштата
Бурата „Леонардо“ денес го погоди Иберискиот Полуостров, особено шпанската покраина Андалузија, каде што наставата беше прекината во училиштата, како и некои железнички и автобуски линии, а повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани. Црвено предупредување за времето е издадено за областите Кадис, Хана, Малага, Гранада и Кордоба, додека жолто предупредување за снег е издадено за централниот дел на Шпанија, објавува Паис. …
Continue Reading