Заврши првиот ден од преговорите меѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби

Украинскиот преговарачки тим го заврши првиот ден од трилатералните разговори со Русија и САД во Абу Даби, насочени кон решавање на руско-украинската војна, објави Дијана Давитјан, портпаролка на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, пренесува „Украинска правда“. „Преговорите се завршени за денес“, рече Давитјан, додавајќи дека е закажано да продолжат утре. Украинската делегација во Абу Даби …

Continue Reading

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На овој значаен настан учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка. Гаши кажа дека посветеноста …

Continue Reading

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2026“

Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – …

Continue Reading

ЕУ одобри заем од 90 милијарди евра за Украина за одбрана и буџет

Земјите од ЕУ постигнаа договор за заем од 90 милијарди евра за покривање на финансиските и воените потреби на Украина за 2026 и 2027 година. Брисел има намера да ја изврши првата рата на почетокот на април за да обезбеди континуитет на странската помош за Киев, објави Euronews. Амбасадорите на земјите-членки се согласија за правните текстови денеска попладне, откако Кипар, …

Continue Reading

Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород

Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата. Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“. 📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr — Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, …

Continue Reading

Руски напад врз пазар во Украина за време на утринската гужва, најмалку 7 убиени

Во руски напад врз градот Дружкивка во Донецката област што се случи утринава загинаа најмалку седум лица, а осум беа повредени, според првичните информации. Руските сили го нападнаа градот со касетна муниција и воздушни бомби, а пазарот беше директно погоден за време на утринската гужва, пишува „Украинска правда“. Вадим Филашкин, началник на воената администрација на Донецката област, објави на социјалните …

Continue Reading

Утре облачно време со температура до 14 степени, од недела заладување

Времето утре ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно со …

Continue Reading

Град Скопје најавува системско проширување на „Лајка“: 30 милиони денари за хумано решавање на проблемот со бездомните кучиња

Град Скопје почнува, како што соопштува, сериозен, хуман и системски пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња преку значително проширување на капацитетите на ЈП Лајка. Од Град Скопје информираат дека по преземањето на функцијата градоначалник, ставен е крај на досегашната практика ЈП „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, при што фокусот е насочен кон вистинско и одговорно справување …

Continue Reading

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот, од 2018 година вели да се чуваат 25 години. И по двата закона роковите се истечени и институциите немаат обврска да ја чуваат документацијата за извозот кој се случил пред 30 години. Вака министерот за здравство Азир Алиу објасни за …

Continue Reading