Европската интеграција останува стратешки приоритет, порача Сали на средбата со еврокомесарката Кос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Брисел оствари работна средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос. Средбата беше фокусирана на текот на процесот на европска интеграција на земјата, реформските приоритети и актуелните предизвици во рамки на европската агенда. Во текот на разговорите, заменик-претседателот Сали повторно потврди дека членството во Европската Унија останува …

Continue Reading

Стаменкоска Трајкоска: Секое дете мора да се чувствува безбедно во училиште

Денес во Општина Кисела Вода беше потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница Македонија, со кој официјално се воспоставува рамка за унапредување на образованието преку иновативни, инклузивни и холистички програми. Со оваа соработка започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“. Проектот предвидува обука на наставниците од …

Continue Reading

„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. „Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките. Тој призна дека …

Continue Reading

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите …

Continue Reading

Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“. Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот. Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот. …

Continue Reading

Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија. Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град. „Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Политички театар нарачан од СДСМ и Левица стои зад настапите на Трендафилов

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека неодговорното однесување на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегло на виделина, обвинувајќи дека зад неговите настапи стои политичка позадина. Манасиевски посочи дека Трендафилов вчера објавил фотографија на социјалните мрежи со порака дека чека претставник на Владата во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, иако, како …

Continue Reading

Првиот позитивен случај на допинг пред Зимските олимписки игри во Италија

Ребека Песлер беше суспендирана по позитивниот допинг тест утврден од Антидопинг агенцијата на Италија (NADO), поради супстанцијата летрозол метаболит, кој се користи за намалување на нивото на естроген и често е присутен во терапиите за рак на дојка, пренесуваат светските медиуми. Италијанскиот олимписки комитет потврди дека таа веднаш е исклучена од олимпискиот тим, што е првиот позитивен случај на допинг …

Continue Reading

Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел

Советникот за одбрана на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Шамкани, предупреди дека Техеран е подготвен за потенцијална војна и ќе го нападне Израел во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави. „Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, сигурно ќе го нападнеме Израел. Непријателите се обидуваат …

Continue Reading