ЕУ е „отворена“ за разговори за зајакнување на трговските врски со Велика Британија, вели Домбровскис

Европската унија е „отворена“ за разговори за зајакнување на трговските врски со Велика Британија, вклучително и можноста за соработка во рамките на царинската унија, изјави европскиот комесар за финансии, Валдис Домбровскис. Домбровскис изјави за Би-Би-Си дека ЕУ е „подготвена да се ангажира“ доколку Лондон сака да го разгледа тој чекор, нагласувајќи дека Брисел пристапува кон разговорите со „отворен ум“. Неговите …

Continue Reading

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

Февруари е месецот на ретките болести – месец во кој се потсетуваме дека секој живот е вреден и секоја приказна заслужува да биде слушната. Годинава, кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се реализира по осми пат. И повторно, зад неа стои поддршката на компанијата Mozzart, која со својата општествена одговорност покажува дека …

Continue Reading

Eвроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за безбедноста на Европа, рече Давкова на средбата со претседателот на Естонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и …

Continue Reading

Епстин до Украинка: „Ќе заработиш огромни пари, би сакал да те видам како олигархиња“

Американското Министерство за правда објави над три милиони документи поврзани со покојниот финансиски инвеститор и осуден педофил Џефри Епстин, а некои од нив откриваат директни врски со Украина. Објавените досиеја вклучуваат кореспонденција со најмалку две модни агенции во Киев, патни аранжмани за жени од Киев и Одеса, резервации во хотелот Hyatt во центарот на Киев, планови за купување недвижности во …

Continue Reading

Седум странци фатени при обид за илегален излез кај Богородица

Утрово околу 2 часот, во близина на Граничниот премин Богородица, полициски службеници привеле седум странски државјани кои се обиделе нелегално да ја напуштат Македонија. Според информациите од МВР, станува збор за пет државјани на Пакистан и двајца од Индија. При извршените проверки било утврдено дека сите седум лица претходно влегле легално во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје. Тие се приведени …

Continue Reading

Рутe: Со понатамошни напади, Русија покажува дека нема сериозна намера да постигне мир

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Русија, и покрај дипломатските напори на Соединетите Американски Држави и Украина за прекин на војната, продолжува да напаѓа украински градови, што, според него, укажува дека намерите на Кремљ за постигнување мир не се сериозни. „Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим се обидуваат да го спречат крвопролевањето. Јасно е дека Украина …

Continue Reading

Велешанец нападнат сред ноќ, напаѓачот бил пијан

Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес. Полициските службеници при проверката кај Д.Т. затекнале 1,83 промили алкохол во крвта. Приведениот бил задржан во полициската станица, а како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Дурмиши: Повремените и сезонски работници добиваат законска заштита

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес истакна дека Законот за работно ангажирање на лица, кој започна да се применува од 1 јануари 2026 година, претставува значаен исчекор во уредувањето на пазарот на трудот и формализацијата на сивата економија. „Тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел имплементацијата на законот да биде ефикасна, усогласена и функционална …

Continue Reading

Филков:Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија. „Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна …

Continue Reading