Забрана за огномети во Скопје, бара Зелен хуман храд

Зелен хуман град, денеска преку нивниот советник во Град Скопје, Марјан Калевски, поднесе Иницијатива за забрана на огномет на територија на Град Скопје. Од таму појаснуваат дека со иницијативата се забранува употреба на експлозивни материи од физички и правни лица за прослави и забава – практика што со децении ги загрозува животната средина, како и здравјето и безбедноста и на …

Continue Reading

СДСМ за кривичната против Спасовски: Политички прогон за дефокусирање од темата со мигрантите и скандалите на власта

Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како што најавуваме сите овие денови, се обидува да дефокусира, да одвлекува внимание од главната тема, договорот за прием на мигранти, но и од бројните криминални скандали за крадење на парите на граѓаните, велат од СДСМ. Според нив, тоа е начинот на којшто, како што додаваат, криминалната ВМРО-ДПМНЕ, или позната по копи-пејст партија ги копира …

Continue Reading

Почна изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром

Почна изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром, кој е целосно финансиран од Владата. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека овој објект ќе биде додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје. „Општина Аеродром генерално беше прилично амбициозна што се однесува до проектите коишто ги финансира Владата и во првиот и во вториот повик некаде …

Continue Reading

Хрватите дисквалификуваа пејачка од Дора: Не е наша

Хрватска избра 24 кандидати кои ќе се натпреваруваат за титулата најдобра песна на натпреварот Дора. Каролина Илиќ беше дисквалификувана од оригиналниот список бидејќи се покажа дека нема документи што го потврдуваат нејзиното хрватско државјанство. ХРТ објави дека Каролина Илиќ, која требаше да настапи на Дора во 2026 година со песната „Breathe her in“, е дисквалификувана. Габриел Ивиќ, кој беше на …

Continue Reading

Целта е да изградиме модерен и европски здравствен систем: Алиу ги презентираше реформските процеси во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата. – Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и …

Continue Reading

Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје

Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“. „Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник. Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по …

Continue Reading

Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност

Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат. Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на вашите омилени јадења, се донесуваат …

Continue Reading

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, кажа на денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот …

Continue Reading

Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје

Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога. Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога. Повеќе информации …

Continue Reading