Алиу: Континуирано ги унапредуваме здравствените услуги во Клиничката болница во Битола
Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“–Битола. Со цел обезбедување квалитетна и достапна здравствена грижа, во болницата се вработени четворица нови специјалисти кои од приватниот сектор преминаа во јавното здравство – интервентен кардиолог, инфектолог, интернист и дерматовенеролог. Со тоа е комплетиран тимот за кардиологија, а во план е развој на клиничка електрофизиологија …
Continue Reading
Францускиот министер предупредува на претпазливост по нападот со автомобил
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека по денешниот напад со автомобил, јавноста треба да остане многу претпазлива, додавајќи дека не е негова работа да одлучува за вклученоста на Националното антитерористичко обвинителство во истрагата за инцидентот од утрово во кој беа повредени неколку лица. „Имаме одредени информации, меѓу кои е и извикот за време на апсењето на осомничениот, …
Continue Reading
Трамп за победата на Демократската партија: Тоа не е добро за нас, не е добро за никого
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше на победите на Демократската партија на вчерашните национални избори, објавува Гардијан. „Не очекувавме победа синоќа, беа тоа многу демократски области. Но, не мислам дека беше добро за републиканците. Не сум сигурен дека беше добро за некого“, рече Трамп додека беше домаќин на републиканските сенатори во Белата куќа. „Имавме интересна вечер и научивме многу, и …
Continue Reading
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол …
Continue Reading
Азаров: Трамп не и верува на украинската влада
Поранешниот украински премиер (2010-2014) Николај Азаров го коментираше ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со воената помош за Украина, сугерирајќи дека одлуката на Трамп да не испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ произлегува од неговиот став дека на украинската влада не може да ѝ се верува дека ќе ги користи одговорно. Во објава на својот Телеграм канал, Азаров објасни: „Зошто …
Continue Reading
Ерол Маск: Путин е вистински човек, би сакал да бидам во неговиот тим
Таткото на американскиот претприемач Илон Маск, Ерол Маск, го опиша рускиот претседател Владимир Путин како вистински и разумен човек. „Го гледав како зборува во многу наврати, долго пред да дојдам тука, од љубопитност. Бидејќи повремено се појавуваше на RT, а исто така и на меѓународни состаноци и така натаму. И слушав што зборуваше, и секогаш ми се чинеше дека е …
Continue Reading
Утре променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во …
Continue Reading
Никотинските ќесички како алтернатива за намалување на бројот на пушачи
Иако успехот на Шведска во намалувањето на бројот на пушачи и контролата на зависноста од никотин во голема мера е поврзан со традиционалниот снус, најновите истражувања ја открија значајната улога на никотинските ќесички како алтернатива за тие што не сакаат да продолжат со пушење цигари. Посебен акцент се става на жените кои се повеќе склони да ги прифатат никотински ќесички …
Continue Reading
Ученици и наставници од Скопје и Таранто во посета на Собранието
Ученици и наставници од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и „Principessa Maria Pia“ од Таранто, Италија, денеска го посетија Собранието на Република Северна Македонија, каде што остварија средба со пратенички од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Средбата се реализираше во рамките на соработката меѓу двете училишта преку Еразмус+ програмата, како дел …
Continue Reading