Децата го избираат својот пол, „непослушните“ држави се казнуваат: ЕУ со нова стратегија за родова идеологија
Според новата стратегија на ЕУ усвоена од Европската комисија, децата би можеле да го изберат својот пол во училиштата, а земјите-членки на Унијата би можеле да бидат казнети за оспорување на родовата идеологија, објави денес британскиот Телеграф, пренесуваат медиумите во регионот. Европската комисија, според напиисте, ја усвои Стратегијата за еднаквост на LGBTIQ+ лицата 2026-2030 година со цел да се изгради …
Continue Reading
„Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инаку, за тоа …
Continue Reading
Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра
Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз …
Continue Reading
Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
По повод октомври, месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје ја започна својата традиционална кампања посветена на промовирање на финансиската писменост и одговорно управување со личните финансии, преку воведување на нов Промо депозит создаден за да им овозможи на граѓаните поповолни услови за заштеда и дополнителна сигурност во време на економски предизвици. Депозитот може да се отвори во сите филијали и …
Continue Reading
(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак
Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници. На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко …
Continue Reading
Божиновска со амбасадорот Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Ола Сулстром. На средбата беше потврдена досегашната добра соработка меѓу двете земји и изразен заеднички интерес за нејзино продлабочување, особено во делот на енергетиката и инфраструктурните проекти. Министерката Божиновска го запозна амбасадорот Сулстром со клучните стратешки …
Continue Reading
Тухел: Англија на Светското првенство оди како аутсајдер
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини. Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула …
Continue Reading
Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Со предистражните дејствија кои по наредба на јавниот обвинител ги преземаше Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица …
Continue Reading
3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави Костовски
Актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски најави 3.000 денари за секое новородено дете во Општината. „Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари. Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. …
Continue Reading