Во Еквадор е воведена вонредна состојба, немирите ескалираа на улиците
Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во десет од 24 провинции во земјата поради внатрешни немири предизвикани од протестите на заедницата на староседелци поради зголемувањето на цените на дизелот, јавуваат денеска медиумите. Како што се наведува во декретот на Нобоа, овие протести станале насилни, па вонредната состојба била воведена со цел да се избегне нивната понатамошна радикализација, пренесува агенцијата …
Continue Reading
Хрватот кој беше уапсен поради летање дрон близу аеродромот во Франкфурт се соочува со казна до 50.000 евра
Германската полиција презеде мерки против 41-годишен хрватски државјанин поради управување со дрон во зона забранета за летови во близина на аеродромот во Франкфурт. Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави за ДПА дека нема докази дека уапсениот маж е поврзан со Русија. Човекот им рекол на полицајците дека „само сакал да го испроба својот нов дрон“. Хрватскиот државјанин се гони за …
Continue Reading
Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ ако одбие да ја предаде власта и контролата врз Газа. „Тотално уништување!“ , рече Трамп за Си-Ен-Ен, кога го прашаа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт. На …
Continue Reading
Расел рутински победи во Сингапур, Ферстапен заврши пред возачите на Мекларен
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот ја забележа втората победа оваа сезона (петта во кариерата), прва по Големата награда на Канада. Џорџ Расел, во победа го претвори брлијантниот крг в квалификации и рутински славеше на „Марина Беј“. Британецот создаде предност од 10 секунди во првите 15 кругови, а потоа не форсираше и …
Continue Reading
Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри. Мастер планот е резултат на работењето на широк тим експерти …
Continue Reading
Трипуновски: Откупот на пиперка се одвива непречено, земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
„Вчера во Струмица остварив средба со откупувачи и преработувачи на пиперка. На средбата договоривме откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус. Исто така, договорена е и динамиката на откупот, при што целата пиперка ќе биде откупена“, информира министерот за …
Continue Reading
За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати
Во последните 24 часа, израелските сили извршија 93 напади врз Појасот Газа во кои беа убиени најмалку 70 Палестинци, соопшти Канцеларијата за медиуми во Газа. Канцеларијата изјави дека 93 израелски воздушни и артилериски напади биле насочени кон густо населени цивилни области, како и раселени Палестинци низ окупираната палестинска енклава, објави Ал Џезира. – Ова ново злосторство спаѓа во рамките на …
Continue Reading
Ѓоковиќ се мачеше но успеа да го победи Ханфман во Шангај
Новак Ѓоковиќ вложи многу труд и на крајот успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Шангај. Србинот, во третата рунда го победи Јаник Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3. Новак Ѓоковиќ десет гема се мачеше во сервис гемовите на Јаник Ханфман, 150-от тенисер во светот. Германецот не му дозволи на Ѓоковиќ ниту една брејк топка. Кога Новак ја …
Continue Reading
Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична …
Continue Reading