Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро го критикуваше Хамас и се потсети на масакрот од 7 октомври. Трамп тврдеше дека повеќе од 25.000 членови на Хамас се убиени, а останатите ги опиша како „опкружени и под воена опсада“. Тој изјави дека Палестинците треба да ги напуштат опасните области на Газа и му …

Continue Reading

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци, коишто го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет. А во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот …

Continue Reading

Принцот Вилијам: Заштитата на семејството е најважна, ќе се стремам да ја модернизирам монархијата

Британскиот принц Вилијам изјави дека заштитата на неговото семејство му била најважна кога неговата сопруга, принцезата Кејт и неговиот татко, кралот Чарлс, се разболела од рак, и најави дека како иден суверен, ќе се стреми да ја модернизира монархијата. Во интервју за канадската емисија на актерот Јуџин Леви, британскиот наследник на престолот рече дека понекогаш се чувствува „преоптоварен“ од семејните …

Continue Reading

Ново партнерство за посилна економија: Стопанската комора и Економскиот институт потпишаа договор за соработка

Стопанската комора на Северна Македонија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа договор за научна, техничка и апликативна соработка, со цел да се постигне подобра поврзаност помеѓу академијата и бизнис-секторот. Договорот предвидува активности насочени кон планирање, утврдување и развој на работна сила со високо образование во согласност со потребите на бизнисот, организирање обуки, семинари и …

Continue Reading

Орбан: Унгарците не сакаат да ја делат ЕУ со Украинците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека Унгарците не сакаат да бидат во ист сојуз со Украинците за да не ја делат својата судбина – а судбината на Украинците, според него, е да бидат покрај Русија, рече тој во интервју за унгарското радио „Кошут“. „Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија како Украинците“, рече тој, додавајќи …

Continue Reading

Мицкоски-Мацут: Србија е искрен партнер и пријател со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја. Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки. Мицкоски истакна дека Србија е искрен …

Continue Reading

(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата …

Continue Reading

Масивен руски напад врз украинските гасни постројки. „Ова е најголемиот досега“

Русија изврши големи воздушни напади врз некои од главните украински постројки за производство на гас, предизвикувајќи критична штета во некои случаи додека Украина се подготвува за зима. „Во текот на ноќта, Русија лансираше 35 ракети и 60 беспилотни летала врз инфраструктурата на државната компанија ‘Нафтогаз’ во регионите Харков и Полтава“, изјави главниот директор на компанијата Сергеј Коретски, додавајќи дека тоа …

Continue Reading

Статутот на општина штип достапен и на знаковен јазик

Почитувани граѓани, Со особена гордост ве информираме дека, во заедничка соработка со граѓанското здружение „Хендикеп Плус“, Општина Штип станува втората општина во државата која обезбедува Статут на знаковен јазик, достапен преку официјалната веб-страница на Општината. Оваа иницијатива е реализирана во рамки на проектот „Пристапна и отворена општина“, што го спроведува Здружението за лица со попреченост „Хендикеп Плус“. Целта на проектот …

Continue Reading