Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

За 10,2 проценти е зголемен бројот на туристите од јануари до јули годинава и нашата стратегија е Македонија да се развива како регионален туристички хаб кој комбинира економски раст, културна промоција и меѓународна видливост, порача од Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој присуствуваше на манифестацијата „Одржлива трансформација во туризмот“ за денешниот светски ден на туризмот. -Од јануари …

Continue Reading

Ethereum на историски врв: технологијата и институциите го туркаат кон нови рекорди

Ethereum повторно е во фокусот на глобалниот крипто-пазар, откако ја надмина историската цена од 2021 година и се искачи над 4 900 долари. Со тоа ја зацврсти својата позиција како второ најголемо дигитално средство во светот, веднаш зад биткоин, и веќе е рангиран меѓу 25-те највредни средства на глобално ниво. Растот на Ethereum не е само ценовен феномен, туку е …

Continue Reading

Атлетико ќе се обиде да го сопре залетаниот Реал во градското дерби

Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, …

Continue Reading

Христов: Сакаме да продолжи позитивната серија на Македонија ЃП

Екипата на Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар. Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција. Денеска …

Continue Reading

Арсими посакува победа против последнопласираниот Шкупи

Во осмото коло од Првата македонска фудбалска лига, Арсими ќе го пречека составот на Шкупи. Натпреварот има големо значење за домашниот тим, Арсими сака да се врати на победничките патеки по незгодниот пораз од Брера во Струмица додека Шкупи е во серија на лоши резултати и бара излез од кризата. Дуелот во Гостивар е одлична можност за домашната екипа да …

Continue Reading

Претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат во САД, обвини Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, истакна дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл. -Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано, рече тој. …

Continue Reading

Под стреата во куќа одгледувал канабис, полицијата го приведе

Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена …

Continue Reading

Милај: Шкупи ги бара првите бодови, но не го потценуваме Арсими

Екипата на Шкупи сè уште нема бодови ниту по седум кола во елитниот фудбал во Македонија. Денес пред нив е Арсими, кој ги загуби последните три натпревари во Гостивар. Шкупи верува дека сега е време да ги освои првите бодови во оваа сезона. Играчот од средниот ред Адонис Милај бара максимална посветеност од своите соиграчи, а во исто време предупредува …

Continue Reading

Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Изминатите денови дронови надлетуваа …

Continue Reading