Тиквеш подобар од Македонија ЃП, Арсими го совлада Шкупи
Тиквеш успеа да слави со 2-1 против Македонија ЃП, додека Арсими ја совлада Шкупи со 4-2 во денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Во Кавадарци, Тиквеш поведе рано, во деветтата минута, со голот на Берат Садик со удар со глава. Македонија ЃП израмни во 58. минута преку пеналот реализиран од Ѓорѓи Стоилов, но Иван Ивановски во 68. минута донесе …
Continue Reading
Скршен, заборавен, но не и поразен – Деулофеу ветува спектакуларно враќање
Жерар Деулофеу (31), некогашниот голем талент на Барселона, веќе скоро две години не одиграл официјален натпревар поради сериозна повреда на коленото. Шпанецот призна дека постои можност да се повлече од активниот фудбал, иако сè уште се надева на враќање. „Ќе биде многу тешко, но сакам да испишам историја – да бидам играчот кој најдолго бил надвор од терените, а сепак …
Continue Reading
Алиу вели дека во здравството се реализирани над 1.250 вработувања во рекордно време
Министерот за здравство Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа организирана од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија. Како што информираат од Министерството за здравство, Алиу истакнал дека ја реафирмира заложбата за синдикатите како искрен партнер во градењето на подобар здравствен систем. – Особено инспиративна е темата „Синдикализам …
Continue Reading
Манчестер Сити го продолжи договорот на младата ѕвезда
Манчестер Сити го продолжи договорот на средниот играч Нико О’Рајли, соопшти клубот. Договорот со 20-годишниот фудбалер е продолжен до летото 2030 година. „Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и да стигнам до првиот тим и да играм за него е остварување на сон. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли. „Многу …
Continue Reading
Малолетници се закануваат и се тепаат крвнички, случаите се пријавени во полиција
Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство. Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка. -Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, …
Continue Reading
Бруно Фернандеш промаши пенал, Јунајтед поразен од Брентфорд
Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути. Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените …
Continue Reading
Нуно Еспирито Санто ќе биде нов менаџер на Вест Хем
Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение. Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал. Португалецот веќе има богато искуство во …
Continue Reading
Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега
На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега. -На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го …
Continue Reading
Возач со ауди усмрти 83-годишен пешак на патот од Горно кон Долно Лисиче
Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар …
Continue Reading