Драматичен говор на Зеленски: Запрете го Путин сега или страдајте и платете

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа остар говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, повикувајќи ги светските лидери да преземат итни мерки против Русија. Неговиот говор дојде кратко откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го промени својот став, велејќи дека Украина може да ја врати целата своја територија. Зеленски го започна својот говор со прагматична порака, нагласувајќи дека во …

Continue Reading

Русија нападна воен тренинг центар во Украина, има загинати

Руските сили извршија комбиниран напад врз просториите на една од тренинг единиците на украинските копнени сили, во кој беа употребени две балистички ракети „Искандер“. Во нападот има жртви меѓу воениот персонал, потврдија украинските копнени сили. Во официјалното соопштение се наведува дека, и покрај преземените безбедносни мерки, жртвите не можеле целосно да се избегнат поради прецизен удар врз засолништето. „Денес, 24 …

Continue Reading

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 25.09.2025 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните …

Continue Reading

Николоски-Казидакис: истакната одлучноста на двете влади за изградба на брзата пруга на Коридорот 10

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на …

Continue Reading

(Видео) Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи

Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот, кажа на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, вели тој, нема аргументи и политики, единствена политика им е деструктивноста и уништувањето на соживотот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, најостро ја осудува срамната и …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН. Во обраќањето таа рече дека она што се ОН за светот, ЕУ е за Европа, мултилатерален проект со една врвна цел: мир на континентот и нагласи дека тоа се постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхашките критериуми: демократија, владеење на …

Continue Reading

Дурмиши со раководството на ЦАМЛ: Заеднички чекори за одржлив развој со фокус на работни места

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска оствари работна средба со главниот извршен директор на „Централ Азија Металс“ (ЦАМЛ), Гавин Ферар. На средбата присуствуваше и директорот за одржливост на Рудник САСА, Ивица Талевски. Разговорите беа насочени кон досегашниот развој на рударскиот комплекс „САСА“, кој е една од најзначајните компании во рударската индустрија во државата, како и кон плановите за …

Continue Reading

Стравот посилен од науката, како дезинформациите ги одвраќаат родителите од вакцинирање

Предизвиците на современата комуникација во време на инфодемија Во денешнaтa комплекснa и брзо менлива инфо-средина, успешната комуникација со јавноста бара посебен пристап кој ги почитува луѓето, ги надминува поделбите и користи јазик разбирлив за секого. За главните предизвици и клчучни елемнти за една ефективна кампања посебно во областа на јавното здравје, разговарме со Бојан Кордалов, комуниколог со долгогодишно искуство. Во …

Continue Reading

Градоначалникот на Лондон му одговори на Трамп: Тој е мизогинист, расист, сексист

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, возврати на најновите критики на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „расист, сексист, мизогинист“ и „исламофоб“, објави Скај њуз. Кан рече дека „живее бесплатно“ во главата на Трамп откако американскиот претседател го искористи својот говор пред Генералното собрание на ОН во вторникот за да ја критикува Велика Британија, со посебен фокус на Лондон, според медиумот. …

Continue Reading