Пожарот во Трубарево под контрола, се користи специјална пена да се доизгасне чадењето
Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Continue Reading
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување
Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево. Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се …
Continue Reading
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината
Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот. Затрупувањето …
Continue Reading
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво
Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа. „Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој …
Continue Reading
Јанис и дружината ја освоија бронзата на ЕП
Грција го освои бронзениот медал на 42. Европско првенство во кошарка. Во „малото финале“, во Рига, Грција ја победи Финска со 92:89 (24:15, 24:19, 21:22, 23:33). За Грција ова е прв медал по пауза од 16 години, во 2009 година во Полска исто така оваа репрезентација беше бронзена. Грците го диктираа темпото речиси во текот на целиот натпревар, иако момците …
Continue Reading
Во Вардар пронајдена неексплодирана граната
На 12 септември попладне, помеѓу селата Рашче и Радуша, во водите на реката Вардар била забележана неексплодирана граната. Полицијата веднаш реагирала и го обезбедила местото. Веќе следниот ден, на 13 септември, стручни екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата. Констатирано било дека станува збор за неексплодирана рачна противтенковска граната – РПГ. Случајот е целосно документиран, а опасноста …
Continue Reading
(Видео) Шон Пен за вечерата со Путин: На крајот сфатив дека тој всушност ме измами
Холивудскиот актер Шон Пен се присети на вечерата со Владимир Путин и Џек Николсон, велејќи дека рускиот лидер го „измамил“. Шон Пен се присети на еден необичен момент од минатото кога делел маса со рускиот претседател Владимир Путин, признавајќи дека сè уште се чувствувал – измамен. Во емисијата „Џими Кимел во живо“ на 11 септември, актерот реагираше на стара фотографија …
Continue Reading
(Видео) Спектакл во трката на 100 метри – Облик Севил е светски првак
Облик Севил од Јамајка е светски шампион на 100 метри. Во финалето на Мундијалот во Токио истрча 9,77. Севил беше одличен и во квалификациите и во полуфиналето, но никој не му даваше шанси во финалето. Сепак, тој блесна на патеката. Пред 70.000 луѓе во финишот, успеа да го надмине сонародникот Кишан Томпсон, кој мораше да се задоволи со сребро. Заостануваше …
Continue Reading
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево
Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево. Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е …
Continue Reading