4 септември: Солистички концерт на гевгелиската виолинистка Емилија Николова
На 4 септември 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, Емилија Николовска ќе одржи солистички концерт, посветен на нејзиното матурирање во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје. Овој концерт не само што ќе биде значаен за неа туку и за целата локална заедница, бидејќи ќе го одбележи важниот момент во рамки на музичкиот живот на …
Continue Reading
(Вознемирувачко фото+видео) Пукање среде ден во Лавов, убиен Андриј Парубиј, херојот на Евромајдан
Поранешениот претседател на Врховната рада и една од клучните фигури на револуцијата на Евромајдан, Андриј Парубиј беше убиен со огнено оружје во својот роден град Лавов. Националната полиција соопшти дека пукотници одекнале околу пладне во јужниот дел на градот, во округот Франкивски. Жртвата починала на лице место, и покрај брзата реакција на службите за итна помош. Првите информации беа потврдени …
Continue Reading
ДПМНЕ и Арсовска го држат Скопје во хаос, вели Шукова и ветува крај на блокадите
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска упати жестоки критики кон ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, обвинувајќи ги дека со години ги блокираат проектите од витално значење за градот. „Секојдневно гледаме како капитални проекти кои се клучни за скопјани стојат заглавени поради политички игри, опструкции и незаинтересираност за реалните потреби на граѓаните“, изјави Шукова во …
Continue Reading
Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го фати“, се наведува во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, со кое партијата остро реагира на последните изјави на лидерот на Алијансата за Албанците. Според ВМРО-ДПМНЕ, Таравари два пати влегол и излегол од владината коалиција, како невеста која постојано ја прекинува свадбата …
Continue Reading
Османи од Чаир: Поддршка за самохрани мајки, жени во ранливи категории и претприемачки
Под мотото „Жените ја движат промената“, денес во Чаир беше претставен пакет мерки кој, според кандидатот за градоначалник Бујар Османи, отвора ново поглавје на реална грижа и поддршка за жените – вистинските хероини на секојдневието. Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде основата на овој пакет и ќе обезбедува финансиска и социјална помош за самохрани мајки, жени од …
Continue Reading
3 септември: „Имагинација“- 4. самостојна изложба на дела од Тања Трајкова
Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 3 септември 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена четвртата самостојна Изложба на уметнички слики од Тања Трајкова од Гевгелија, насловена „Имагинација“. Изложбата, поддржана од Општина Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј- Гевгелија, претставува дел од културното збогатување на …
Continue Reading
Ристовски за Newsmax Balkans: Македонија инвестира во спортот – нови базени, сали и спортски центри
-
новинар
-
August 30, 2025
-
Македонија
-
0 Comments
Министерот за спорт, Борко Ристовски, во интервју за Newsmax Balkans зборуваше за приоритетите и идните планови на ресорот, нагласувајќи дека фокусот останува на инвестициите во спортската инфраструктура и системската поддршка за младите спортисти. Ристовски потсети дека во првата година од постоењето на Министерството за спорт главен предизвик бил деблокирањето на заостанати проекти кои со години биле во застој. Меѓу нив …
Continue Reading
Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез и за излез од државата е околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања. Автомобилската и мотоциклистичката јавност се предупредени да …
Continue Reading
Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро
Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трње и нискостеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила …
Continue Reading