Османи од Чаир: Поддршка за самохрани мајки, жени во ранливи категории и претприемачки


osmani-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото „Жените ја движат промената“, денес во Чаир беше претставен пакет мерки кој, според кандидатот за градоначалник Бујар Османи, отвора ново поглавје на реална грижа и поддршка за жените – вистинските хероини на секојдневието.


Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде основата на овој пакет и ќе обезбедува финансиска и социјална помош за самохрани мајки, жени од ранливи категории и сите оние кои, како што рече, „општината предолго ги заборавала“.

„Ова е симбол на реална грижа, а не декларативна солидарност“, порача Османи, најавувајќи голем број мерки кои треба да ја зајакнат женската моќ во Чаир.

Клучните мерки од пакетот „Жените ја движат промената“ вклучуваат:

– Фондација „Раката на Чаир“ за директна помош на жените во потреба.

– Центар за занаетчиска обука со сертификати и професионални квалификации.

– Финансиска поддршка за микро-бизниси и почетна помош за жени претприемачки.

– Соработка со чаршијата и училиштата за пренос на традиции и вредности.

– Организација на четири годишни саеми на ракотворби и традиционални производи.

– Центар и Клуб за жените на Чаир со простор за менторство и обуки.

– Курсеви и микро-грантови за јазици, правна и репродуктивна едукација, финансиска писменост и вработување.

„Сакам жената од Чаир да биде економски независна, општествено влијателна и политички гласна. Сакам општина што нема да се плаши од женската моќ. Промената започнува токму овде – и таа промена ќе ја водат жените“, истакна Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK