Украина: Нападнавме аеродром на Крим, штетата се мери во десетици милиони долари

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека извршила напад врз руската воена база Саки на Крим, при што, според нивните тврдења, целосно бил уништен еден борбен авион од типот Су-30М, а биле оштетени уште четири бомбардери од типот Су-24. Според соопштението на СБУ објавено на Телеграм, погодено било и руско складиште за авионско вооружување. Вкупната проценета штета за руската страна, според …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција, а доказ за тоа е бегството на Васко Ковачевски заради милионски криминал

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција.СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Ако заборавиле, да ги потсетиме, нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за сторен …

Continue Reading

Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот. Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност …

Continue Reading

Отворена мултимедијалната изложба „Нурни во мене“ на Сашо Блажес во Охрид

Вчера во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена самостојната мултимедијална изложба „Нурни во мене“ на охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес. Изложбата ги содржи неговите слики, а надвор во Лапидариумот е прикажан 28-минутен видео материјал со инсерти од длабочините на Охридското езеро, кој е инспириран од истоимената изложба. Отворањето беше збогатено со музички настапи на кларинетистот Петар Танески и хармоникашот …

Continue Reading

Барселона не може да регистрира пет играчи

Барселона сè уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Каталонците ставија неколку играчи на трансфер листата, но додека чекаат нивна продажба, се соочуваат со истата ситуација како и минатата сезона. Станува збор за регистрација на играчи за новата сезона. Како што пишува „Мундо Депортиво“, засега Барселона не може да смета на Рашфорд, Жоан Гарсија, Жерар Мартин …

Continue Reading

НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет

Согласно препораките и сигналите од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и дигиталната трансформација на платниот промет, НЛБ Банка укинува и намалува дел од надоместоците во домашниот и меѓународниот платен промет, со посебен фокус на електронските плаќања. Новата структура на надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет, пред сè, значи осетно пониски трошоци и заштеди за граѓаните …

Continue Reading

„Охридско лето“ го слави 65. роденден со концерт на Ана Дурловски во „Света Софија“

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која ќе настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, вечерва ќе биде одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Пригодната концертна програма ќе се одвива во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, таму каде штои започна целата приказна наречена „Охридско лето“. Македонската сопранистка Ана Дурловски …

Continue Reading

Малвер-замки во 2025 година: Како еден клик може да ве чини многу крипто-средства

Годинава, фишинг-нападите стануваат сè пософистицирани, особено оние кои вклучуваат е-пошта со прикачени документи што содржат малвер. Сајбер-криминалците сега испраќаат реалистични пораки со ZIP документи кои, штом се отворат, незабележливо инсталираат штетен софтвер на вашиот уред. Често овие пораки доаѓаат од лажни профили кои се претставуваат како претставници на крипто берзи. Еден случај од јуни 2025 ја покажува сериозноста на ситуацијата. …

Continue Reading

СДСМ: Дали „Алказар енерџи“ има дозвола за градба

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека во енергетскиот сектор се случуваат нетранспарентни зделки и побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали компанијата „Алказар енерџи“ поседува одобрение за градба. Пратеникот Јовица Јанковиќ истакна дека јавноста не знае ништо за најавените инвестиции во енергетиката, кои, според ВМРО-ДПМНЕ, тежат над 1.5 милијарда евра. СДСМ побара конкретни информации за јавниот интерес, цената на струјата и …

Continue Reading