Исак се договорил со Ливерпул

Фудбалерот на Њукасл и шведски репрезентативец, Александар Исак, постигнал усмен договор со Ливерпул и едвај чека да им се придружи на англиските шампиони. Ова го тврди добро информираниот новинар и специјалист за трансфери на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг. Германскиот новинар објави дека голгетерот Њукасл ги договорил условите со Ливерпул, но сè уште се чека договор меѓу клубовите. Њукасл првично …

Continue Reading

(Видео) Камења паѓаат, животни бегаат во водата: блогер објави видео во моментот на разорниот земјотрес

Додека разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени ја погоди Камчатка, туристот и блогер Иван Герасименко се најде на експедициски брод во непосредна близина на епицентарот. Според него, сè се случило ненадејно и драматично – масивни камења почнале да паѓаат од стрмните карпи, а животните реагирале во паника. „Земјотресот ме затекна во близина на островот Парамушир додека пловевме по малиот …

Continue Reading

(Видео) Шкендија победи во Букурешт, обезбеди есен во Европа

Foto/ primasport.ro Фудбалерите на Шкендија изборија пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион ги доби двата натпревари со фаворизираниот ФЦСБ. По победата на домашен терен во првиот меч (1:0), вечерва Шкендија победи во Букурешт со 2:1. Шкендија со пресврт победи во престолнината на Романија. ФЦСб дојде до предност во 30.минута со голот на Кисоти. Само три …

Continue Reading

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а која се одржа во Штип се осврна на актуелни теми меѓу кои ситуацијата со пожарите и гласањето недоверба во Собранието за јавниот обвинител Љупчо Коцевски. „Гледам една нескриена радост и возбуда кај опозицијата од пожарите. …

Continue Reading

Андоновска: Во Институтот за јавно здравје секој тргнувал само од личниот интерес

Директорката на Институтот на јавно здравје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, во рамки на вечерашната трибина „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“, истакна дека наследиле распаднати институции каде што воопшто не се размислувало за услугите и грижа за граѓаните. Таа додаде дека конкретно во Институтот, ниту една работа не била водена согласно законските прописи. „Мораме …

Continue Reading

Стабилно снабдување на онкологија и хематологија, за само една година, две промени во позитивната листа на лекови која не беше обновена 10 години, се пофали Клековски

„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена 9 генерички лекови, во последната 2 онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките“, истакна членот на …

Continue Reading

Ричард Тенг, извршен директор на Binance: „Криптовалутите нудат решение за 1,4 милијарди луѓе без банкарски услуги“

Во разговор со потпретседателот за глобални комуникации на Mastercard, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, ја сподели својата визија за улогата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем. Говорејќи од Дубаи, Тенг се осврна на финансиската инклузија, регулацијата, масовното прифаќање и на тоа како Binance е предводник на иновациите во индустријата. Тој нагласи дека криптовалутите се создадени за да решат проблеми …

Continue Reading

„Мораме да ги натераме да се плашат од нас“: Макрон за трговскиот договор меѓу САД и ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Европската Унија не успеала да го искористи својот огромен единствен пазар и доволно да ги исплаши САД за да прифатат подобар договор од оној постигнат во неделата. „Мораме да ги натераме да се плашат од нас“, им рече Макрон на министрите на денешниот состанок, изјави француски функционер близок до претседателот за „Политико“. Макрон …

Continue Reading

Повторно се разгоре на Готен, шест пожари активни во државата

Денес попладне повторно се разгоре пожарот над селото Подареш на планината Готен од радовишка страна, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што рече со овој пожар надлежните борба водат над 15 дена и е исклучително тежок пожар за гаснење. Ангелов уверува дека пожарот нема да го загрози селото. Прашање е како што рече, колкава штета ќе нанесе на природата …

Continue Reading