„Скандалозно, според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот“, велат од СДСМ

„Скандалозна е изјавата на министерот Панче Тошковски дека дивоградбите кои се повеќе од 150 во Чаир ќе се урвале „ако се опасни по живот“. Што сака да каже Тошковски, дека дивоградбите кои неговите институции ќе ги утврдат како неопасни по живот може слободно да продолжат да се градат“, прашува СДСМ. „Откако со месеци не постапуваше при чист и очигледен криминал …

Continue Reading

Министерот Меџити со нова набавка за Русино – инвестиција од над 1,1 милион евра

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за набавка на специјална механизација за потребите на регионалната депонија Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. Со договорот, во вкупна вредност од 1 142 200 евра, ќе се набави комплетна механизација неопходна за модерно и безбедно управување со отпадот – вклучувајќи компактор, товарач, трактор …

Continue Reading

Средба Мисајловски – Пирс во Лондон: македонско-британската соработка во одбрана на највисоко ниво, придонесот кон регионалната безбедност прв приоритет

Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој е во работна посета на Обединетото Кралство, утрово се сретна со специјалната претставничка за Западен Балкан, дама Карен Пирс со која разговараше за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. „Обединетото Кралство го сметаме за еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата. Нашата …

Continue Reading

АБА со 18 клуба: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Регионалната кошаркарска АБА лига ќе има 18 клуба почнувајќи од следната сезона, беше одлучено на Собранието одржано во среда. На шампионатот ќе им се придружат романскиот Клуж и австриската Виена, како и Босна односно Илирија, кои обезбедија место во елитниот ранг преку АБА 2. Иако имаше навестувања, Хапоел од Тел Авив нема да се приклучи на АБА лигата, што дефинитивно …

Continue Reading

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да постапуваат по обвинувањата за дивоградби од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Градоначалничката Арсовска, по повеќе од три години молк, последниов месец, посетува градилишта на дивоградби во Чаир, обвинува за криминал и фалсификати и укажува дека има дивоградби изградени и во …

Continue Reading

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот …

Continue Reading

Се одржа 53-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 53-та седница на којашто беа усвоени повеќе предлог одлуки, програми и решенија, а на дневен ред беа и советнички прашања. Советниците ја усвоија одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2025 година, а со тоа и програмите за измена на програмите од областа на културата, за уредување на градежното …

Continue Reading

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори. Откога Османи јавно кажа дека размислува за кандидатура, Меџити одговарајќи на новинарски прашања попладнево во Владата, рече дека засега не е исклучена можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Чаир. „Сега-засега …

Continue Reading

Дрогата ја криел во долна облека: затворски полицаец фатен пред преземање на ноќна смена

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Во текот на вчерашниот ден при извршен претрес …

Continue Reading