Реакција на СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено
„Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата наводно добила „петка“ за борбата против криминалот и корупцијата. Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со …
Continue Reading
Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран
Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп, кај клучката за село Тополчани, поради сообраќајна незгода, сообраќајот за товарни моторни возила е во прекин, а патничките возила се пропуштаат наизменично. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини …
Continue Reading
Пристигна реакцијата на САД: „Престанете“
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен“ за израелските напади врз Сирија, објави турската новинска агенција Анадолија. „Сакаме борбите да престанат“, рече Рубио. Сириското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале, а 34 се повредени во израелските воздушни напади врз Дамаск.
Continue Reading
Средба Мисајловски – лорд Коукер: Не поврзуваат заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса
Денешната работна посета на министерот за одбрана Владо Мисајловски на Обединетото Кралство беше заокружена со средбата со лорд Вернон Коукер, државен министер (министер за домот на лордовите) во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Министерот Мисајловски и лордот Коукер разменија мислења за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот, Европа и светот при …
Continue Reading
Сириската влада: Израелските напади се „криминални и нелегални“
Сириската влада ги осуди израелските воени акции на југот од земјата, нарекувајќи ги „криминално и нелегално однесување“. Соопштението дојде неколку часа пред најновите напади, додека официјален одговор на тековните воздушни напади сè уште не е пристигнат. Во соопштението од претседателството се вели дека судирите меѓу милициите на Друзите и бедуинските групи се „неприфатливи под никакви околности“ и „спротивни на нашите …
Continue Reading
АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа
-
Mark
-
July 16, 2025
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот …
Continue Reading
Започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија: инвестиција вредна 500 милиони американски долари, нова енергетска насока за земјата
-
Mark
-
July 16, 2025
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
(Штип, јули 16, 2025) – Започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во Северна Македонија, проект поддржан од водечкиот независен менаџер за одржливи инвестиции Алказар Енерџи Партнерс (AEP). Со вкупна инвестиција што надминува 500 милиони американски долари, ова е најголемата приватна инвестиција во обновлива енергија во историјата на земјата. „За мене е исклучително пријатно чувството денеска бидејќи после нешто повеќе од …
Continue Reading
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство – фокус на економската соработка, инвестициите и инфраструктурните проекти
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во работна посета на Лондон. Во рамки на посетата, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас. На средбата се разговараше за потенцијалите за …
Continue Reading
(Видео) Израелскиот министер за одбрана ѝ порача на Сирија: Нема веќе предупредувања, доаѓаат болни удари
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес објави дека „предупредувањата во Дамаск се завршени“ и најави „болни удари“ врз сирискиот режим, откако израелските сили извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата во Дамаск. „Предупредувањата во Дамаск завршија – сега доаѓаат болните удари“, рече Кац, најавувајќи дека израелската војска ќе продолжи решително да дејствува …
Continue Reading