(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација
Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес. Според Исландската метеоролошка служба, ова е деветтата ерупција во регионот од крајот на 2023 година. Фотографиите објавени од исландското Министерство за јавна безбедност покажуваат лава и чад како се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое …
Continue Reading
Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“
Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да постигне мировен договор за Украина или ќе се соочи со високи царини. „Ако сте земја што купува евтина руска нафта и ѝ помага на воената машинерија на Путин, сфатете ја заканата на Трамп сериозно“, рече Греам. Тој кажа дека секундарните …
Continue Reading
(Видео) Јамал го продолжи договорот – „Бројот 10 и посебна благодарност до баба“
Каталонскиот клуб го продолжи договорот со тинејџерската фудбалска сензација до 2031 година – и одржа мала церемонија на стадионот за да го одбележи овој настан. На церемонијата присуствуваше целото семејство на фудбалерот, вклучувајќи ја и неговата баба, која Ламин ја држеше за рака додека одеа кон салата за церемонија. Јамал ќе добие и нов број на дресот – култната „десетка“ …
Continue Reading
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот
Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на …
Continue Reading
Сирија: Израел се обидува да шири хаос и да ја поткопа стабилноста
Сириското Министерство за надворешни работи го осуди израелските напади врз „владини институции и цивилни објекти“ во Дамаск, како и во Свеида, по денешните воздушни напади. Откако во израелските напади беше погодена зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, како и областа околу претседателската палата, Министерството за надворешни работи соопшти дека неколку цивили се убиени, а десетици повредени. Исто така, соопшти …
Continue Reading
(Фото) Новак Ѓоковиќ доби custom made патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски
Сатја Грабулоски, еден од најистакнатите македонски дизајнери и основач на креативното студио Swithadot Studios, се појави во вчерашното издание на Forbes Magazine, станувајќи еден од малкуте Македонци кои имале чест да дадат интервју за ова светски реномирано списание. Во интервјуто, направено од Тим Њукомб, Грабулоски зборува за својот креативен пат, глобалното влијание на неговите дизајни и посветеноста на студиото Swithadot …
Continue Reading
Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан
Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето. Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство …
Continue Reading
Скандал во Црна Гора – клуб исклучен од Европа на 10 години поради наместени натпревари
Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е суспендиран од Европа во период од 10 години. Како што објавиja подгорички „Вијести“, клубот од Тиват ќе мора да плати казна од половина милион евра, додека фудбалерите и претставникот на клубот исто така беа казнети. Како што беше објавено, фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни забрани за работа во …
Continue Reading
Ново примирје во Свеида, бројот на жртви надмина 300
Сириската државна новинска агенција САНА објави дека е постигнат нов договор за примирје во јужниот град Свеида. Повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, САНА соопшти дека во градот се поставени безбедносни контролни пунктови и дека Свеида „ќе биде целосно реинтегрирана во сириската држава“. Ова беше четврто такво примирје во Свеида од неделата, но секој договор брзо беше …
Continue Reading