„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на Фестивалот за Фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за сабота, 5 јули во Домот на културата. Интересно е што фестивалот, покрај внимателно селектираната програма од жанровски филмови, има и посебен фокус на виното. …
Continue Reading
Муртезани од Даблин: Блокирањето на процесот на интеграција ја поткопува стабилноста на континентот
Работната посета на Ирска, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Даблин, ја започна со средба со ирскиот државен министер за европски прашања и одбрана, Томас Брн, која беше посветена на продлабочувањето на билатералните односи и институционалната соработка меѓу Северна Македонија и Ирска, со фокус на европската интеграција, реформските процеси и регионалната стабилност. На средбата беше истакната важноста на …
Continue Reading
Македонски Концепт: Итно да се констатира дека „Договорот за добрососедство” е раскинат од страна на Бугарија
Од политичката партија Македонски Концепт велат дека остануваат цврсто на својот став дека Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е еднострано раскинат од страна на Република Бугарија. „Согласно Став 13, Член 3 од Договорот, со донесувањето на Рамковната позиција во бугарското Собрание и нејзиното доставување преку официјален Меморандум до Република Македонија и сите земји членки на Европската …
Continue Reading
Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат
Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ не го предложи за претстојните локални избори, по што тој го замрзна членството во партијата. На социјалните мрежи, Костадинов сподели дека добива стотици пораки, повици, разговори – со прашањето: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Неговиот одговор е: …
Continue Reading
Македонија е првата земја во регионот што ги реши сите случаи на бездржавјанство од СФР Југославија
Северна Македонија стана првата земја во регионот што ги реши сите познати случаи на бездржавјанство произлезени од распадот на СФР Југославија, соопшти Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење. Од таму додаваат дека последните 317 лица кои живееја во правна несигурност од прогласувањето на независноста на државата, сега се стекнаа со државјанство. За првпат, тие ќе уживаат целосни …
Continue Reading
Преку поддршката на релито „EKO Acropolis Rally 2025“, брендот ЕКО на HELLENiQ ENERGY испрати моќна порака за безбедност на патиштата
-
новинар
-
July 3, 2025
-
Балкан, Промо
-
0 Comments
Автомобилското рели „EKO Acropolis Rally 2025“ и оваа година повторно беше центар за вистинските адреналински ентузијасти. Во четири региони во Грција, 69 екипи од 31 земја приредија вистинска рели акција и со своите возила поминаа 345 километри. Натпреварувачите возеа по тешки патеки со чакал во Коринт, Централна Грција и Тесалија, сѐ до одржувањето на „EKO Athens Super Special Stage“ во …
Continue Reading
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо
Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот. Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра. Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона …
Continue Reading
Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп
Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп. Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во …
Continue Reading
Даниела Димовска избрана за претседателка на скопскиот кривичен суд
Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје, на денешната седница на Судскиот совет, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд. Димовска ќе ја извршува функцијата од 6 јули до завршување на постапката за избор на нов претседател. Кандидатурата на Димовска ја предложи координаторката Данка Ристова, а предлогот беше поддржан со …
Continue Reading