Селтик (повторно) заинтересиран за Миовски
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, веројатно ќе ја напушти Џирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик. Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но …
Continue Reading
Групна тепачка пред фитнес клуб во Чаир, две лица со убодни рани пренесени во болница
Две лица со убодни рани се пренесени во болница по тепачка што се случила вчера пред фитнес клуб во Чаир. Според информациите на МВР, вчера во 22 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на …
Continue Reading
Мерц оди кај Трамп, вели дека ќе го убеди во праведен мир за Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се залага за „праведен прекин на огнот“ во Украина за време на неговата прва средба лице в лице со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во четврток, изјави портпарол на германската влада. Мерц, кој официјално ја презеде функцијата минатиот месец по нестабилен почеток на неговиот мандат, вети дека непоколебливата поддршка за Украина ќе биде централен …
Continue Reading
Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика
-
новинар
-
June 2, 2025
-
Бизнис и економија
-
0 Comments
Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) и сметководствени практики. Програмата ја …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Афера – Провизии кои чинат живот – додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси
„Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси. Венко Филипче кој дозволил да се изгради Модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни“, рече Валентин Манасиевски, член …
Continue Reading
Студенти од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика
Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. „Ова не е само пракса, туку е прв чекор кон задржување на младите во нашата земја. Ги отвораме вратите на Министерството за вашите идеи, ентузијазам и знаење. Убедена …
Continue Reading
Светски турнир во пинг – понг од 9 јуни во Скопје
Најдобрите пинг понгари доаѓаат во Скопје на светскиот турнир WTT Contender Skopje 2025. На 9 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува натпреварот од категоријата World Table Tennis и истиот ќе трае до 15 јуни. Натпреварите ќе се одвиваат во текот на целиот ден, а на „Контендерот“ се пријавени некои од најдобрите светски пинг понгари и легендите на спортот. Влезот …
Continue Reading
(Видео) СДСМ бара оставка од директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски
Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека бараат оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски. „Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се …
Continue Reading
„Центарска симфонија“ – музички спектакл на 21 јуни во срцето на Скопје
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката. „Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии од светската сцена. Овој музички …
Continue Reading