Нов јавен клуч на УЈП за потпишување на МПИН пресметките

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека генерираше нов јавен клуч со важност од 27 мај 2025 година кој треба да се користи за криптирање на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер. Даночните обврзници кои имаат активен код за идентификација треба задолжително да го преземат новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи, …

Continue Reading

Израел ѝ се заканува на Европа: „Ако ја признаете Палестина, ќе анектираме дел од Западниот Брег“

Министрите на израелската влада наводно ги предупредиле клучните европски земји дека какво било еднострано признавање на палестинска држава би можело да го натера Израел да преземе свои еднострани мерки, вклучително и можна анексија на делови од Западниот Брег, објави „Тајмс оф Израел“. Израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупреди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и …

Continue Reading

Бирги, село во Туркије со историја од над 5.000 години, станува зелена туристичка дестинација

Една од најстарите туристички населби во Туркије, селото Бирги, станува зелена дестинација. Во рамките на проектот SENTRUM (Центар за туристички практики засновани на одржлива енергија), чија цел е промоција на одржлив туризам и локален економски развој, Бирги поминува низ целосна зелена трансформација, а овој процес не само што ќе овозможи одржливост, туку и ќе ги истакне дополнително неговите автентични атрибути. …

Continue Reading

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожарите

Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар, обвинија од СДСМ. „Минатото лето …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова во работна посета на Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан каде што утре, 28 мај, среда, ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Во четврток, 29 мај, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Свои …

Continue Reading

Македонски пратеници на средба со собраниска делегација од БиХ на Форум во Мароко

Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати, Дафина Стојановска, Калтрина Бекири и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибиш Јусуфи, остварија билатерална средба со шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот од Босна и Херцеговина, Рејхана Дервишновиќ и претставници на Собранието. „На оваа средба се нагласи дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина од денот …

Continue Reading

Поднесено обвинение за Штекли и уште девет лица за продажба на кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Станува збор за групата што вршела продажба на дрога, а првообвинет е Раде Трајковски познат како Штекли. Според информациите на …

Continue Reading

Сензација во Париз, елиминиран Медведев

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби со 3-2 во сетови од Камерон Нори во првото коло на Ролан Гарос. Британецот Нори, кој пред пет дена загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Женева, ја приреди првата голема сензација на Ролан Гарос. Елиминација на еден од најдобрите тенисери на планетата, Данил Медведев е сензација и покрај тоа што најмалку сака …

Continue Reading

Припадниците на „Беланоца- Барон“ се гонат за убиства, палење на автомобили на службеници од „Идризово“, изнуда на пари од фирми

Обвинителството поднесе обвинение против девет припадници на организираната криминална група „Беланоца- Барон“ за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година. Во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки …

Continue Reading