Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“
Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.
Continue Reading
(Фото) Општина Кисела Вода: Кошаркарскиот клуб „Ангели“ е повторно на врвот
Кошаркарскиот клуб „Ангели“ е повторно на врвот. Екипата на Ангели од општина Кисела Вода, во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70, извести Општината. – Горди сме вечерва. Најгорди! Кошаркарскиот клуб „Ангели“ од Кисела Вода влезе во првата лига! …
Continue Reading
Уапсен струмичанец: пронајдена дрога при претрес во неговиот дом
Синоќа во 21.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и семки од растението канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Полицијата соопшти дека по …
Continue Reading
„Срамно“: Синот на Трамп критикуван поради неговата реакција за дијагнозата на Бајден
Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се бори со агресивна форма на рак на простата. Неговата ординација ја објави дијагнозата вчера, истакнувајќи дека иако станува збор за поагресивна форма на болеста, таа може да се контролира. Веста предизвика лавина од реакции, од кои повеќето му посакаа на Бајден се најдобро, но некои прашаа како толку агресивна форма на рак не …
Continue Reading
Акција за собирање кабаст отпад во Општина Ѓорче Петров
Во рамки на тековната акција за отстранување на кабаст отпад и еколошки ризични материјали, од територијата на општина Ѓорче Петров собрани и безбедно транспортирани се над 130 метри кубни кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми. „Отпадот е депониран на соодветна локација – депонијата Дрисла, во согласност со еколошките стандарди. Акцијата опфати повеќе локации, вклучувајќи јавни површини, улици, паркови …
Continue Reading
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
Во деновите од изминатиот викенд (17./18.05.) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, соопшти МВР. Истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и биле …
Continue Reading
Познати се 23 учесници во ЛШ
Галатасарај, вчера ја обезбеди шампионската титула, 25. во клупската историја и си обезбеди место во Лигата на шампионите. Претходно 22 екипи обезбедија место во елитата за наредната сезона. Остануваат многу малку празни места што треба да се пополнат преку националните шампионати. Останува да се види кој ќе ја освои Лига Европа, во среда во финалето ќе се сретнат Манчестер јунајтед …
Continue Reading
Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик
Општина Центар ги поканува сите креативци, уметници и културни здруженија од територија на Центар да учествуваат во новиот јавен повик за изработка на мини мурали и графити на јавни простори. Овој повик е дел од Програмата за култура за 2025 година и има за цел да го разубави визуелниот изглед на општината и да го потенцира културниот и јазичниот идентитет. …
Continue Reading
Иран: Нуклеарните преговори ќе пропаднат ако САД инсистираат да не збогатуваме ураниум
Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД „нема да водат никаде“ ако Вашингтон инсистира Техеран да ја намали својата активност за збогатување ураниум на нула, изјави во понеделник заменик-министерот за надворешни работи Маџид Тахтраванчи. Американскиот специјален претставник Стив Виткоф вчера го повтори ставот на Вашингтон дека секој нов договор меѓу САД и Иран мора да вклучува договор за незбогатување на ураниум …
Continue Reading