Во завршна фаза е изградбата на улицата „Св. Климент Охридски“ во Гевгелија
Изградбата на улицата „Св. Климент Охридски“, позната како Западен булевар, влегува во својата завршна фаза, информираше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по направениот увид во градежните зафати. Со финиширањето на Проектот, кој се реализира во неколку етапи поради неговата комплексност и обем, се очекува значително да се подобри сообраќајниот проток во градот, особено во зоната околу ООУ „Крсте Мисирков“, …
Continue Reading
Потпретседателот на САД се сретна со папата Лав во Ватикан
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, денес се сретна со папата Лав XIV во Ватикан, соопшти прес-службата на Ватикан. Американскиот државен секретар Марко Рубио исто така беше присутен на аудиенцијата, како и сопругите на двајцата функционери, објави Анса. Потоа Венс се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Ватикан за односи со државите и меѓународните организации.
Continue Reading
Кремљ го објави денешниот термин на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп
Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, утрово за време на разговор со новинарите изјави кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес. „Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време, јави ТАСС. „Секако, разговорот е важен, земајќи ги предвид разговорите одржани …
Continue Reading
Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни
Полицијата три недели трага по лицата кои ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во Орешани. Денес тој кажа дека има осомничени. „Нешто конкретно немам, осомничени има. Се работи, ќе бидат фатени тие сторители. И сторителите и нарачателите, нарачателите се многу поважни“, кусо кажа денес директорот Пандов по промоцијата на нови пристапи во третманот на …
Continue Reading
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Се повлекува шеќер од пазарот во Хрватска: може да предизвика здравствени проблеми
Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде соопштение за повлекување на палминиот шеќер „Thai Dancer“ (пакување од 200 г, рок на траење: 24.05.2026 година) поради присуство на зголемени количини и необележани сулфити во производот. Според анализата, производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1333/2008 на Европскиот парламент и Советот за прехранбени адитиви, како и со регулативите за информирање на …
Continue Reading
Две одделни тепачки во Охрид, полицијата најави пријави
Ноќеска во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 24-годишниот М.Р. од Охрид затоа што претходно физички го нападнал 26-годишниот М.Р. од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 23.40 часот пред угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Охрид е нарушен јавниот …
Continue Reading
Зголемување на Основниот буџет на Општина Гевгелија
Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, од вкупниот износ на 741.302.538 денари, е зголемен за 98.022.855 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на последната 62. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 839.325.657 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година уследи по зголемувањето на приходите на Основниот буџет за 69.158.918 …
Continue Reading
Муртезани: „Реформската агенда е мапа за трансформација, не декларација“
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда, кој се одржа во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во коорганизација на Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика (ЕПИ). Во воведното обраќање, Муртезани рече дека овој состанок претставува нов начин на градење консензус за суштински реформи. „Како што …
Continue Reading