Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни


Pandov-za-zapalenata-kukja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата три недели трага по лицата кои ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во Орешани. Денес тој кажа дека има осомничени.


„Нешто конкретно немам, осомничени има. Се работи, ќе бидат фатени тие сторители. И сторителите и нарачателите, нарачателите се многу поважни“, кусо кажа денес директорот Пандов по промоцијата на нови пристапи во третманот на лица прекршители во тренинг центарот во Идризово.

На 29 април директорот Пандов на социјалните мрежи објави видео од изгорената куќа со објаснување дека тоа е цената за удирањето по мафијата.

Палењето на куќаta на Пандов ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид за заплашување и замолчување оти криминалците повеќе немаат заштита од власта.

Министерот за правда Игор Филков, по пожарот, побара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат сторителите, а на Пандов му даде целосна поддршка во истрајноста и во борбата против криминалот и корупцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK