Второ издание на Finance.Weekend: Ова не е само уште една конференција за финансии – ова е фестивал на поврзување и можности
-
Mark
-
May 19, 2025
-
Бизнис и економија, Промо
-
0 Comments
Второто издание на регионалниот фестивал на финансиската заедница, Finance.Weekend, ќе се одржи во рамки на досега најголемото издание на Weekend.18, од 18 до 21 септември во Ровињ, на веќе добро познатата сцена во старата фабрика за тутун (Tvornica duhana). По првото издание кое ја воодушеви публиката, жедна за економско знаење, годинава посетителите добиваат можност за средби, размена на искуства и …
Continue Reading
Шпанскиот премиер: Израел да не учествува на Евровизија
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска повика Израел да биде исклучен од меѓународните културни настани како што е Изборот за песна на Евровизија поради воената кампања во Газа, исто како што на Русија и беше забрането тоа да го прави по инвазијата на Украина. „Не можеме да дозволиме двојни стандарди, дури и во културата“, рече Санчез, социјалист и долгогодишен критичар на …
Continue Reading
Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин
Белата куќа потврди дека телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин е започнат. Пред разговорот, Белата куќа соопшти дека Трамп се фрустрирал од Владимир Путин и Володимир Зеленски. Самиот американски претседател изрази надеж дека денот ќе биде продуктивен.
Continue Reading
Муцунски во Северна Рајна – Вестфалија: Ново поглавје во нашето партнерство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Во фокусот на …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Самитот ЕУ-Велика Британија претставува свртување на нова страница
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ и Велика Британија на денешниот Самит во Лондон „свртија нова страница“ во односите и дека партнерството во областа на безбедноста и одбраната опфаќа многу теми. „Ова ќе ја поттикне соработката во областа на одбраната“, изјави Фон дер Лајен на конференција по завршувањето на самитот ЕУ-Велика Британија, според „Гардијан“. …
Continue Reading
Ставревска Панајотова: Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа
Шар Планина, има огромно значење за еколошката рамнотежа, не само во Македонија, туку и на ниво на целиот Балкански Полуостров Шар Планина е еколошкото срце на Македонија и со одговорно однесување сите можеме да придонесеме за нејзино зачувување за идните генерации, вели Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален Парк Шар Планина. „Создавањето на …
Continue Reading
Папа Лав: Ова е момент за дијалог и градење мостови
Новоизбраниот папа Лав XIV изјави денес, за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми. „Убеден сум дека, ако се согласиме и се ослободиме од идеолошките и политичките условувања, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, истакна …
Continue Reading
Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа
Два месеци по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има тројца пациенти кои се уште имаат отворени рани, а во странство се единаесетмина. Директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, вели дека имаат многу длабоки изгореници и потреба од продолжено лекување. „Им требаат преврски, третмани, можеби понатаму кај некои …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк, со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за уредување на нов парк на површина од околу 1.250 м², кој ќе се простира во дел од просторот на училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Станува збор за досега запуштен простор кој добива целосно нова намена, ќе биде уреден како …
Continue Reading