Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеци лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласи познатиот музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев. „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот …

Continue Reading

Еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче во учебната 2025/2026 година

По иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, Општина Струмица и оваа учебна година ќе додели еднократна парична помош во износ од 2.000 денари за секое семејство со дете запишано во прво одделение за прв пат во учебната 2025/2026 година. Право на оваа помош имаат семејства со постојано живеалиште на подрачјето на Општина Струмица. Како да се аплицира? За остварување на правото …

Continue Reading

Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни, на повисоките планини слаб снег

Времето денес, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Попладне и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h). Дневната температура ќе биде во интервал од 11 …

Continue Reading

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, на која ја истакна важноста на изградбата на одржлива инфраструктура, како неопходност а не избор. Меџити на конфернцијата на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, рече дека зелената инфраструктура …

Continue Reading

Гатузо и Хајдук спогодбено ќе се разделат

Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим. Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и …

Continue Reading

Градоначалничката Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад, реагира градоначалникот на Аеродром

Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен, улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. 2Ако Арсовска не е одговорна за …

Continue Reading

Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги зголеми санкциите кон Русија, вклучувајќи ги и „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија ќе го зголеми притисокот врз Русија и дека работи на нов пакет санкции, вклучувајќи санкции против „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. „Тој (рускиот претседател Владимир Путин) повика на прекин на огнот за време на годишнината од 9 мај, што самиот тој никогаш не го почитуваше. …

Continue Reading

Кинеските државни медиуми: Паузата за царините меѓу САД и Кина треба да се продолжи

90-дневното примирје меѓу САД и Кина во трговската војна е прекратко, напиша кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“, додека претставниците на двете најголеми економии во светот се прегрупираат во Кореја. На самитот во Женева минатиот викенд, САД се согласија да ги намалат дополнителните тарифи што ги наметнаа на кинескиот увоз минатиот месец од 145 проценти на 30 проценти во текот на …

Continue Reading

Руте: Путин направи грешка со испраќањето делегација од пониско ниво на мировните преговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил грешка што не испратил делегација на повисоко ниво на мировните преговори во Истанбул. „Путин направи грешка испраќајќи делегација на пониско ниво. Всушност, топката е во негов двор, во смисла дека тој мора да игра, во смисла дека тој мора сериозно да се справи со наоѓање мир, …

Continue Reading