Еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче во учебната 2025/2026 година


4fde96e2-cba8-4ebd-b4a5-b08703dafade.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, Општина Струмица и оваа учебна година ќе додели еднократна парична помош во износ од 2.000 денари за секое семејство со дете запишано во прво одделение за прв пат во учебната 2025/2026 година.

Право на оваа помош имаат семејства со постојано живеалиште на подрачјето на Општина Струмица.


Како да се аплицира?

За остварување на правото се поднесува Барање до Градоначалникот на Општина Струмица во периодот од 16.05.2025 до 30.09.2025 година.

Потребни документи:

Потврда за запишување во прво одделение за прв пат во учебната 2025/2026 година, заверена од основното училиште на територијата на Општина Струмица
Копија од извод од матична книга на родени за детето
Копија од лични карти на двајцата родители/старатели
Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите
Изјава за согласност за користење на лични податоци – ЛИНК
Барање за еднократна парична помош за прваче – ЛИНК

Достава на документи:

Целосната документација се поднесува до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при Општина Струмица, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

The post Еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче во учебната 2025/2026 година appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK