Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 15.05.2025 година. Од 17.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар) Дизел гориво …

Continue Reading

Муртезани на балканскиот економски самит во Скопје: Македонија нуди стабилност, пазарна предвидливост и европска перспектива

Овој Самит претставува уште една потврда на силните и пријателски врски кои ги поврзуваат Република Северна Македонија и Република Турција. Овие односи, кои се длабоко вкоренети во нашата заедничка историја и култура, денес се манифестираат преку интензивна соработка во многу области, вклучувајќи ја и економијата, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. „Односите помеѓу Северна Македонија и Турција се искрени, …

Continue Reading

Ексдиректорите осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за пожарот во модуларната болница. Болницата ќе треба да плати 1 милион денари. Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар. Обвинителството повторно …

Continue Reading

Мелони: Потребна е упорност во примирјето меѓу Русија и Украина

Италијанската премиерка Џорѓа Мелони денес изјави дека е потребна упорност во прекинот на огнот меѓу Русија и Украина. „Мораме да инсистираме на безусловно примирје и договор за прекин на огнот“. „Не треба да бараме алтернативи, туку да инсистираме на мир, на прекин на огнот“, рече таа во Тирана во пресрет на Самитот на Европската политичка заедница. На прашањето за имигрантите …

Continue Reading

Возење без дозвола, брзање, неправилно паркирање – за три дена во државата издадени над 2.000 платни налози

Во изминативе три дена, од 13 до 15 мај, во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: СДС и Филипче да не молчат и да одговорат каде е Венко Филипче

Една недела, СДС и Филипче молчат и се кријат, за потеклото на златната виза на чиракот на Заев, Венко Филипче. Откако на Венко му се испушти дека поседува златна виза, за која не го наведе потеклото, го снема од јавноста, а според нашите информации, тој пред 6 дена на граничниот премин Богородица, ја напуштил државата, истакна на прс-конференција Валентин Манасиевски, …

Continue Reading

Отворен јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности во основните училишта во Центар

Општина Центар објави Јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности наменети за ученици, наставници и родители во општинските основни училишта, на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека право на учество имаат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието, со седиште на …

Continue Reading

Во тек е средбата на украинската и на руската делегација во Истанбул

Средбата меѓу украинската и руската делегација започна во Истанбул. Средбата се одржува веднаш по кусиот состанок меѓу американските претставници и руската делегација, а во услови на обвинувања дека Москва се обидува да ги саботира долгоочекуваните мировни преговори со ненадејно барање за исклучување на други земји од преговорите. Претходно беше соопштено дека шефот на руската делегација во Истанбул, Владимир Медински, пристигнал …

Continue Reading

Германски министер: Стигнавме до нашите граници по прашањето за миграцијата

Новиот германски министер за внатрешни работи, Александер Добриндт,  изрази денеска решителност во намерата да спроведе строга миграциска политика со цел да го намали бројот на нерегулирани влегувања во Германија. „Оваа политика веќе започна на германските граници“, изјави Добриндт обраќајќи му се на Бундестагот, алудирајќи на новите мерки за враќање на сите лица кои не поседуваат потребни документи на германските граници, …

Continue Reading