(Видео) Албанскиот премиер ја пречека Мелони на колена
За време на посетата на Албанија, италијанската премиерка, Џорџа Мелони разговараше со домаќинот Еди Рама. Средбата меѓу Мелони и Рама ја одбележа и еден необичен детал. Рама, како и во претходните прилики, клекна пред италијанската премиерка, што ја насмеа италијанската лидерка. „Не, Еди“, му рече Мелони низ смеа. „Тој го прави тоа за да биде висок колку мене“, додаде таа, …
Continue Reading
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај
Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор
А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана. Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Continue Reading
Во Тирана почна самитот на европската политичка заедница
Шестиот самит на европската политичка заедница под мотото „Нова Европа во нов свет“ се одржува во Тирана, на кој учествуваат лидери од повеќе од 40 европски земји, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Домаќини на самитот се албанскиот премиер Еди Рама и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, а една од темите на средбата е поддршката за европската интеграција …
Continue Reading
Папата Лав ги повика дипломатите да покажат солидарност. „И јас сум потомок на имигранти“
Во своето прво обраќање до светските дипломати во Ватикан, папата Лав изјави дека достоинството на мигрантите мора да се почитува и ги повика земјите да го запрат производството на оружје. Папата, кој е од Соединетите Американски Држави, но живеел во Перу неколку години, се опиша себеси како потомок на имигранти и повика на сочувство и солидарност со раселените лица. Папата …
Continue Reading
Трамп: Сакам средба со Путин што е можно поскоро
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека сака што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи за мировните преговори меѓу Русија и Украина, тој рече дека „е време едноставно да се направи тоа“. „Ќе го завршиме тоа“, рече Трамп. Тој додаде дека сака средба со Путин „штом може да се организира“, објави Би-Би-Си. Трамп …
Continue Reading
Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид. Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул. Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни. Со …
Continue Reading
Билатералните прашања да останат билатерални, а не пречка за ЕУ, рече австриската министерка која е во посета на земјата
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на земјава престојува министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер. Ова е прва нејзина посета на Скопје по преземањето на функцијата на 3 март годинава. Главен фокус на разговорите беше ставен на натамошното унапредување на билатералните односи и реафирмирањето на …
Continue Reading
Кремљ: Путин и Трамп треба да се сретнат
Кремљ денеска соопшти дека средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател Доналд Трамп е клучна, но дека таа бара значителни подготовки и мора да даде резултати. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го изјави ова откако Трамп рече дека ќе се сретне со Путин „штом тоа може да се договори“. „Таква средба дефинитивно е потребна. Потребна е првенствено од …
Continue Reading