Реал и Борнмут го договориле трансферот на Хујсен

Дин Хујсен, младиот дефанзивец на Борнмут, кој неодамна наполни 20 години, е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Хујсен е второто засилување за новата сезона, откако претходно Реал се договори со десниот бек Трент Александер-Арнолд. Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо напиша на „Твитер“. „Менаџерите на Хујсен пристигнаа во Мадрид за да го склучат договорот со Реал. Клубовите се согласија за сè, …

Continue Reading

Општина Кисела Вода спроведува акција за уредување на зеленилото

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината. Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на …

Continue Reading

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат доаѓа во Скопје

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во неговото 66 годишно постоење ќе настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 мај со почеток во 19.30 часот. Оркестарот ќе настапи со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски. Со Оркестарот ќе …

Continue Reading

Конститутивната седница на Собранието на Косово одложена по 16. пат

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес беше одложена по шеснаесетти пат, откако повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието. 55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање на комисија која ќе го надгледува тајното гласање. Седницата е закажана да продолжи во сабота, 17 мај, во 10:30 часот. Самоопределување, …

Continue Reading

(Видео) Фудбалер на Реал обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија отвори кривична постапка. 22-годишникот ќе се соочи со обвиненија по завршувањето на полициската истрага, заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал. Асенсио е обвинет дека нарачал видео снимено од Феран Руиз, Андрес Мартин и Хуан Родригез во јуни 2023 година, …

Continue Reading

Зеленски: Нивото на состав на руската делегација е „декоративно“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул. По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, пренесува Ројтерс. Во таа прилика, …

Continue Reading

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, …

Continue Reading

Одбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација

Одбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација Инженерската институција на Македонија вчера во Скопје го организираше првиот Ден на македонските инженери, прослава посветена на 105-годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери на 21 март 1920 година. Од годинава 21 март се одбележува како официјален празник на македонските инженери, со што се оддава признание …

Continue Reading

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“ во Музеј на Македонија

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот. „Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира …

Continue Reading