Изгоре автомобил во скопски Центар, нема повредени
Утрово во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Повредени нема, а Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасила огнот. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот
Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3. Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот. Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите …
Continue Reading
Муцунски се сретна со македонските иселеници во Шведска
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во …
Continue Reading
Повреден полицаец на мотоцикл кој бил на задача, во Чаир во него удрил 34-годишен скопјанец
Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир. „Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По …
Continue Reading
Архимандрит Савва Мазуко: Нема минато. Нема ниту иднина. Јас сум тука само еднаш. Живеј сега. Сакај денес
-
Mark
-
May 11, 2025
-
Став
-
0 Comments
Не свртувај се за минатото, тоа не е повеќе тука – ниту доброто ни лошото. Не жали за изгубената младост, не тагувај поради пропуштените шанси, поради не сработеното, поради не кажаното – пушти, заборави. Нема минато. Нема ниту иднина. Јас сум тука само еднаш. Живеј сега. Сакај денес. Радувај се со оние кои се покрај тебе. Не свртувај се за …
Continue Reading
Илија Димовски: Градењето на народен самосвесен идентитет и градењето на политичките нации се два различни процеси
-
Mark
-
May 11, 2025
-
Став
-
0 Comments
Градењето на народен самосвесен идентитет и градењето на политичките нации се два различни процеси, особено во македонскиот и балканскиот историски контекст. Ние тоа за жал не го разбираме. Народен самосвесен идентитет е културен и историски континуитет кој не зависи од европоцентричните политички концепти. Народниот идентитет се гради преку јазикот, културата, традициите, фолклорот, колективната меморија и чувството за заедничко потекло. Овој …
Continue Reading
На Блаце уапсен Албанец баран од германскиот Интерпол
Полицијата вчера приведе 31-годишен Албанец баран со потерница од германскиот Интерпол. „На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.А.(31) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол-Германија“, соопшти полицијата. Уапсениот е задржан во полициската станица Кисела Вода …
Continue Reading
Кривична за 36-годишен Французин, на Табановце фатен со куршуми за кои немал дозвола
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.П.Л.(36) од Република Франција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Полицијата извести дека на втори мај на граничниот премин Табановце во возилото „форд“ со кое управувал Французинот биле пронајдени и одземени куршуми калибар 22 мм, за кои не поседувал дозвола.
Continue Reading
Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни
Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така се обраќам до моќниците на светот повторувајќи го апелот: никогаш повеќе војна,” рече папата Лав денес за време на традиционалната по-велигденска порака на плоштадот Св. Петар во Рим. Говорејќи кратко по 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, тој рече …
Continue Reading