Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за крај на војната. Американските медиуми јавија дека согласноста на Зеленски доаѓа по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп тој да ја прифати понудата од Путин за директни преговори. Путин и Зеленски немаат направено директна комуникација од почетокто …

Continue Reading

Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот …

Continue Reading

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник го лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, …

Continue Reading

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва во Струмица. За санирање на штетите на терен се јавното претпријатие „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица на Струмица. Пожарникарите известија дека отстраниле паднато дрво врз автомобил на улица. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо Китанов, ТППЕ Струмица …

Continue Reading

Камерното трио „Анимато“ утревечер со јубилеен концерт „Квинтесенца“, влезот е бесплатен

По пет успешни години на музичко творештво и настапи на домашната и меѓународната сцена, Камерното трио „Анимато“ ќе го прослави својот јубилеј со свечен концерт насловен „Квинтесенца“. Настанот ќе се одржи утре, 12 мај 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Даут Пашиниот амам во Скопје, во организација на Националната галерија. Триото во состав Даниела Неделковска (флејта), Симона Марочковска-Манојловска …

Continue Reading

Македонската ракометна репрезентација оди на Европско, вечерва ја победи Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија. Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика. Европското првенство ќе се одржи во …

Continue Reading

Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот. „Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, …

Continue Reading

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на лекар во Клиниката. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Му го оштетил возилото, а потоа со уште неколумина го истепал, инцидент во Трубарево

Вчера во Трубарево, тетовец прво му го оштетил автомобилот на штипјанец, а потоа заедно со уште неколку лица го истепал. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје, доцна синоќа. „Во 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во село Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, …

Continue Reading