Прегазена жена во Кочани, со тешки повреди пренесена во болница во Штип
Вчера во 09.11 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“ во Кочани, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Х.(56), удрило во пешакот Т.М.(46), двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Continue Reading
Малолетник од Тетовско внесен во „бмв“ и тепан со метален предмет, кога успеал да избега му се заканиле со пиштол
Вчера вечер во 23 часот и по полноќ, во 01 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 56-годишниот Џ.Д. од село Гајре, тетовско и 52-годишниот Л.Д. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го …
Continue Reading
Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше свое обраќање. Костадиновски се обрати на Првата работната сесија со фокус на темата: Конституционална рамка на толкување на Уставот. Во неговиот говор го стави акцентот на „живиот конституционализам” и интерпретацијата на Уставот во современите општества. …
Continue Reading
(Видео) „Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков“, бара Манасиевски
„24 часа Венко Филипче и СДС молчат за нивниот пријател и функционер Андон Стојков, кој беше фатен со дрога. Филипче и СДС молчат затоа што Андон Стојков е нивен близок пријател, а тоа се гледа од овие фотографии со Венко Филипче и Зоран Заев“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Срамота е на кое дереџе се спушти СДС …
Continue Reading
Формирана Интерпартиска парламентарна група за поддршка на правата на Ромите
Симболично, на големиот празник за Ромите – Ѓурѓовден, денеска беше формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија. Во оваа Група ќе бидат застапени членови од сите политички партии во Собранието, а за претседател на Групата е избран пратеникот Игор Здравковски, додека за негови заменици – пратениците Амар Мециновиќ и …
Continue Reading
(Фото) Општина Илинден започна со изградба на нов урбан парк – плоштад
Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино, велат од општина Илинден. „Овој урбан парк ќе се наоѓа на …
Continue Reading
Кривична против маж од Гостивар: поради незадоволство од судска одлука се заканувал на судија
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.О.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.04.2025, поради незадоволство од судска одлука, пријавениот упатувал закани на М.П. – судија во Основен суд Гостивар во неговата куќа во с.Вруток, гостиварско.
Continue Reading
Ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот: кривична пријава против 22-годишна жена од Македонска Каменица
СВР Штип поднесе кривична пријава против 22-годишната Л.С. од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 27.04.2025 во семејниот дом, пријавената физички ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот, по што се обидела со остар предмет да го нападне сопругот.
Continue Reading
(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ
Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи, обвини СДСМ. „Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на …
Continue Reading