Кина: Подготвени сме за соработка со Европската Унија

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да соработува со Европската Унија за проширување на меѓусебната отвореност и конструктивно решавање на разликите, објави денес државната новинска агенција Ксинхуа. Изјавата доаѓа на 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ, во време кога двете страни се обидуваат да ги одмрзнат односите нарушени од глобалната несигурност и високите царини …

Continue Reading

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ пак излажа: пратениците не го изгласаа предлогот за незастарливост на дела против службената должност“, велат од Левица

На денешната седница на Собранието, на Дневен ред се најде и предлогот за измена и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката група на Левица. Измените предвидуваа дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и незастарчивост на кривичните дела кои се однесуваат на економски криминал и злоупотреба на службената должност, извести партијата Левица. По овој предлог на Левица гласаа …

Continue Reading

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик со дејствија со кои на Буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола му предизвикале значителна имотна штета во износ од 178.370.319 денари. Обвинение …

Continue Reading

Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди …

Continue Reading

Расчистени девет тешки кражби во Битола, тројца уапсени

Денеска во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 18-годишните П.В. и Ј.Д. и еден малолетник, сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Чеферин: Срамна е состојбата на стадионите во Италија

Александар Чеферин ја критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека таа е полоша во Италија отколку во која било друга голема фудбалска земја во Европа. Пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Интер ќе се сретне со Барселона, претседателот на УЕФА разговараше со „СпортМедијасет“, меѓу другото, зборуваше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој …

Continue Reading

Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност

Република Северна Македонија, претставена преку министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, по денешната церемонија на примопредавање напретседателството со Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) на Крит, од денес претседава со Јадранско-јонската иницијатива и ЕУСАИР. Министерот Муртезани, на церемонијата на примопредавање нагласи дека интеграцијата во Унијата не претставува …

Continue Reading

Малолетник од Скопско истепан од негов соученик, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, 53-годишниот Д.С. од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 11.00 часот во основно училиште во село Љубанци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Возило излета од локален пат во Струшко: меѓу повредените и малолетник

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на први мај околу 13.00 часот на локалниот пат за село Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од село Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а …

Continue Reading