Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни
„Утрово добив информација дека имало незадоволство околу почетокот на сеидбената сезона во делот на оризопроизводството. Затоа денеска дојдов тука на работен состанок со оризопроизводителите за да разговараме за наводнувањето, околу почетокот на сеидбата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Чешиново Облешево. „Заедно со директорот на АД Водостопанство, во чија надлежност е пуштање на водата до оризовите …
Continue Reading
Судир меѓу „голф“ и мопед: малолетник со тешки повреди пренесен во градската болница
Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Натанаил Кучевишки“ и улицата „Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Н.Д. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се …
Continue Reading
Уапсен кумановец затекнат при обид да изврши кражба: подоцна во неговиот дом била пронајдена дрога
На четврти мај, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 40-годишниот Д.С. од Куманово. Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети. На 05.05.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја. Тој бил задржан во полициска станица …
Continue Reading
Кај Бит Пазар починало машко лице: телото е дадено на обдукција
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Continue Reading
10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат
Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од село Алданци, крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е …
Continue Reading
Работна група на МОН, СОЗР и УКИМ ќе ги отстранува пречките за да продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК
Работна група која ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за образование и наука, владината Служба за општи и заеднички работи, Градежниот факултет и повеќе други високообразовни установи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе ги отстранува пречките за продолжување на изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која започна во 2015 година, …
Continue Reading
Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика
Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии за економски прашања, труд и енергетска политика и законодавно правната комисија. Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница на Собрание, на која следи и постапка на донесување …
Continue Reading
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело …
Continue Reading
Баерн потврди дека Кејн ќе остане во клубот
Баерн се огласи за иднината на напаѓачот Хари Кејн откако се појавија гласини за негово можно враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во клубот од Минхен во летото 2023 година со репутација на одличен напаѓач, но и како играч кој никогаш не освоил титула во својата кариера. Хари Кејн во неделата го симна проклетството, Баерн ја обезбеди титулата на две …
Continue Reading